Завчера беше заменета вакум пумпа за кочницата. За МАС можам да кажам само пофални зборови. Дијагностицирањето на проблемот беше брзо и без многу лигавење и лажење. Делот стигна за отприлика 10тина дена што според мене е супер. Кога стигна делот ми се јавија дечките и ми закажаа сервис во најбрз можен рок. Зашто јас не можев да отидам дента отиде татко ми на сервис и заради тоа што требаше да се чека некои 5-6 часа му дадоа друго возило додека да го завршат моето. Ја испроверија цела кола, ја ставија на компјутер се си е во ред и тераме понатаму.
Голема благодарност до МАС и Зоран Пејковски за добрата услуга и експедитивноста.