Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Другари, да ја живнеме темата малку, сега и официјално барам кола . Договор падна Пежото останува во фамилија (го превзема татко ми), па така јас имам рок до крај на Јануари да купам кола.Барањето е активно во Германија каде имам роднини кои бараат, спремаат и носат коли тука на пријатели, познаници. Значи не им е примарно занимање туку најчесто успат кога си идат за празници, одмори, најчесто и носат кола за некој. Засега бараме Focus mk3 (фејслифт), значи мин 2015 год, 1.5 tdci, небитно дали 95 или 120 кс. Дури и пожелно е да е караван варијанта. Потрагата почна пред 5 дена и засега не е сјајна. Колите со испод 200к км се движат околу 6000 еур таму. Според математиките за додатни трошоци, давачки, заработка за тие што ја носат (+ ако треба нешто сервис пред тргнување), колава би дошла тука околу 9000 (без регистрација). Мојот планиран буџет се движи околу 7-8000, преку сила 8500. Стана кратко муабет и за Focus бензин, но брзо дојдовме до заклучок дека 1.0 и 1.5 ecoboost се ризик кој не се исплати. А 1.6 Ti-VCT атмосферскиот се многу ретки и треба да е постара (2011-2014). Еден од родниниве и работи во Форд сервис, па ги знае работите попрофесионално.Втора опција ми е Hyundai i30 mk2 значи мин 2013та, ама тука некако мислам подобро би било бензин опција отколку дизел. Се бара во круг од 150-200 км макс од местото каде живеат, значи не може било каде низ Германија да се бара.Некој мудар совет да слушнам, за што е најпаметно да се потрошат 8-9000 еур, било до надвор или од тука, за кола која ќе биде upgrade од Пежо 207 караван 1.6 hdi од 2008ма, за 4-члено семејство.