Токму така Мечето, просечна реална километража на кола во Германија вика е од 25 до 40 илјади километри на година и тоа за коли на приватни лица не на фирми, податок земен од дилер на возила. Се што епомалку вика од 25 илјадарки е премногу сомнително (може да е враќана) а се што е над 40 е исто така сомнително, дали колата се користела само за приватни цели или како служебно возило. Се разбира дека бројките се просечни, и се дадени според неговото 13 годишно искуство во оваа работа.
Приказните за бабата која си го чувала Голфот у двор и го возела само во недела кога и идела внуците од берлин на гости се за мали деца и глупи луже со многу пари а малку мозок.
Таму кола се зима за да се вози, поготово помалите возила кои се сметаа за фамилијарни, а не се вози седи дома, ја продаваат одма додека не изгубила на вредност, ама таа не е фтина.
Го има ли тој податок за просечната километража во германија дека е од 25-40 000км некаде на нет од некој доверлив извор?Малку барав и на неколку места видов дека просечната помината километража до 2002 год е 12-15 000 км за приватни возила.Малку да истражуваме ,барем да сме на чисто околу тој податок.
Тој податок ти е од Човек кој продава користени возила во Германија, соработува со нас патем веќе 10 години и секоја кола што сме ја купиле од него била онаква кава што ни кажал дека е.
БТВ...Никогаш не купил и не препродава возило постаро од 5 години освен ако не се работи за олд тајмер.
И не знам зошто ти треба податок од интернет за да веруваш ?
Сигурно и самиот си свесен дека на нет постојат и секакви податоци и точни но и тотални глупости и лаги, зависи нели од изворот.
Сакаш да ти најдам сајт од фармацевстка компанија во УСА каде што пишува дека живата во мали количества е полезна за човековиот организам?
Имаше во МК еден сајт за едно приватно езеро и на него се постираа такви небулози во врска со рибите што тој човек требаше да се линчува од страна на љубителите на риболовот.
Кога ќе се сетам колку само луѓе линкувале информации од неговиот сајт по форуми сметајќи го тоа за вситина, мака ми иде.
Зошто имаш потреба да веруваш на некој таму од некаде што напишал на нет а не веруваш на луѓе од форум.
Ако за секоја споделна информација ни треба линк или фотокипија за да докаќеме дека е вистина, тогаш не се потребни членови а форум.
Ќе си седат админите на форум ќе бараат податоци и само ќе ги линкаат.
Која е причината да те лажам?
Ако ме лаже едино он тогаш и јас тебе ама не верувам, пошто и него не му одговара да лаже во негов зијан, подобро му е да каже помалку нели пошто продава одколку повеќе?!
Поготово што нас не не излажал никогаш за ништо па не гледам причина да лаже за банална работа.