Автор Тема: Никој не купува ни стари, ни нови коли  (Прочитано 34651 пати)

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #15 на: 21 Декември 2011, 02:57:02 am »
Половна кола само од Австрија!!!
Ако ја гледаш за 3000 евра во Германија или било каде, во Австрија плати ја дупло и немаш гајле.
Ако ја платиш како што треба иако е 2001г и со 90,000км биди сигурен дека е тоа точно!!!

Нема шанси некој да купил половно возило 100% исправно.
Најблизу до тоа е Австриско половно возило.
Австрија е роботизирана во поглед на закони и правила, секако постојат исклучоци и таму.

Не е можно змија у џеб, лаком г'z и половно ауто од соништата.

ТОЧКА!

Таман од Австрија корозија колку ти душа сака вози ја две години и пуштија дирек на топење за старо железо ако сака  под перница нека ја чувал пак ќе има корозија имав една таква и знам што белја си имав со неа скраја да е од таму повеќе не ако сака без пари нека е.

Македонија е мал пазар лесно се заситува кој имаше некое евро под перница зеде некое количе колку да тркала нешто толку му е силата на македончето една кола во фамилија преку сила две ама тоа некои поситуирани кои се малку поретки не е како во странство секој дома вози колку луѓе толку коли сите работат сите возат кај нас никој ниту работи а колата е колку да сврти да го видат комшиите.

Присутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1851
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #16 на: 21 Декември 2011, 08:53:41 am »

А тоа дека нема добри аута во немачка, напротив...Но нека некој ја види цената на пример на кола за пример ке ја земам твојата мазга. Исто возило такво во германија, така сочувано и од прв сопствени е со цена во најмала рака иста како таа ти што ја купи...Барем за тоа не може никој да ме убеди...Минатата година повеќе време поминав во Германија него во Скопје...Ама луѓето не разбираат дека се што вреди и што е добро, во германија никој нема да им го даде поклон....

Убаво кажано, и јас многу пати го кажувам истото во муабет со луѓе кој мислат дека во Германија колите џабе ги даваат.
Од таа причина и мене ме направија луд, дека уствари ме ограбиле во Германија кога ја купував мојата кола, сум можел поново да земам од Бугарија плус и дизел.

Јас имам престава дека на запад многу повеќе си ги ценат парите, тука со примања какви што се сите возиме горе доле не така лоши коли, на запад со многу поголеми примања многу тешко се одлучуваат да купат скапа кола, или пак половна, со две три плати кај нив може да си дозволи да вози БМВ 3 или 5, Ауди итн. ама он пак си го шиба стариот Ескорт. А кај нас прва прилика или малку паричка одма кола се зима, статус е тоа, мора да се покаже.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #17 на: 21 Декември 2011, 10:04:58 am »
Се сеќавам кога купуваше еден роднина кола за него лично, (нормално постар човек си бараше Голф) шеташе по плацеви, и го прашал газдата „За тебе бараш кола или за децата“, Откако му кажал дека за него бара, одма го однел кај некој Голф 3 само со серво и електрика на предни прозори и му рекол „Земи си ова нема што да се расипе“. Затоа некогаш многу глупости во кола ќе ти создадат многу можни проблеми.

И најинтересно ми е кога бараат кола половна од 10 години, и очекуваат да биде како нова (демек баба ја возела т.е. чувала) нит гребаници, нит мали вдлабнатини т.е. ништо што би означувало дека колата е стара. Абе татко ми најпедантниот човек што го знам, колата негова си покажува старост, а логикава која им е на луѓево незнам, демек ако е како нова таа е во ред, ако е малку огрдена (а се корегира за џабе пари) таа Господ знае што и се случило.
Всушност, обратно стојат работите.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9028
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #18 на: 21 Декември 2011, 10:17:29 am »
има во немачка добри возила ама муабетот е дека се што е во МК односно 99% е тежок крш

Присутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3817
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #19 на: 21 Декември 2011, 11:02:22 am »
има во немачка добри возила ама муабетот е дека се што е во МК односно 99% е тежок крш
Tocno taka  vo pravo si >:(

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34111
  • Таков е животот... јебига
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #20 на: 21 Декември 2011, 11:03:07 am »
Кој бе не купува. Вчера со кумашинот за жена му земавме Фиеста, 2005-та година со 60.000 поминати за 3200 евра. Бонбона аутце.

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8151
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #21 на: 21 Декември 2011, 11:18:17 am »
има во немачка добри возила ама муабетот е дека се што е во МК односно 99% е тежок крш
Нормално дека ќе се носи кршот кај нас, да се ставиме на место на продавачите на половни возила, какво возило би донеле ние за продажба во тој случај???
ДА најубавото, најзачуваното, баба Ката шо го возела и додека го најдеме и донесеме ќе кошта куп пари и цената тука ќе му биде Емпајр стејт билдинг и се шо ќе може да сториме тука со тоа возило е да се радуваме на муабетите од комшии дека колата е ТОП, дрим половна кар, на кого ќе ја продадеме???
Факт е дека јас можев со 55,000км либра од 2001 да земам ама.....

Татко ми вика: Тафра ме напиња, р'ѓа ме сапиња а к*р ми вошке поједев ;D

Ете има и кај нас половни возила во порше и тоа камен, не знам дали се продаваат лесно...
Је*и га сиромаси сме... Немаат друг начин ни препродавачите, одам да барам кола, гледам на плацот коли светнати и гледам од карши вектра во дворот на дилерот крш, му викам а онаа вектрата, ми вика таа не е спремна за продажба ;D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #22 на: 21 Декември 2011, 11:49:23 am »
Ај малку да се замшам во темава пошто сум доста навлезен иако несакајќи што се вика.

Дефинитвно кај нас она што се носи на плацеви да се продава е крш невиден!

Зошто?

Па нормално за да се заработи што повеќе, никој не е будала да ти прави услуга.

Добрите возила и во странство не ги даваат на поклон, така да шансата да се заработи на солидно и зачувано возило кое е редовно сервисирано се многу мали, освен ако не се носи стрикно за некој пријател нели или твој роднина па ајде... колку да излезе трошокот.

Што е проблемот, пошто сите викаат дека возилата во странство се 'БЕЗ ПАРИ" ?

Проблемот е што таа констатација е точна и се однесува само за возилата со екстремно моќни мотори и со висока потрошувача на гориво и високи трошоци на одржување.

Тие се навистина Без пари но само за стандардот на странците пошто еден VW Phaeton со 5 литарски мотор и полна опрема кој да речеме нов кошта повеќе од 70.000 евра, 3 години стар со 100. и нешто илјади км во Германија се продава за 20.000 евра. Ако гледаме реално кола која што е купена 70 К за 3 години се продава за 20 К односно за помалку од 30% од куповната вредност на колата, што е екстремно голем пад на вредноста за толку краток период.

Е сега колку и да звучи евтино, тие коли имаат вискои трошоци за одржување (ако за поло сервис кошта 150 евра колку кошта за Фејтон?) па луѓето бегаат од нив, а поготово македончето кое нема пари ни за Поло а не па за Фејтон.

Малите возила кои се одржани и добро сочувани се скапи и таму.

На пример сум влегол во салон за половни автомобили во Фулда и кога ќе споредиш дека едно Поло дизел со супер опрема, добро сочувано старо 3 години со 130.000 км се продава за нешто помалку од 8.000 евра а Пасат ЦЦ 3.6 литра бензин, стар година и пол со 100 и нешто ситно илјадарки за 25.000 евра можеш да ја видиш разликата во вредноста која се губи и зошто кај нас претежно се носат кршови.

Колку треба да го продадеш тоа Поло за да заработиш на него?

Колата беше како нова и сигурен сум дека некој ќе и се изнавози барем уште 130.000 ако не повеќе, ама да си ја купиш за тебе да ја возиш, за продавање нема многу место.

Од друга страни она Пасатон мами у пичку материну, на помалку од пола цена е за година и пол а личи како од салон да е ама кој ќе го купи, колку ќе платам царина и данок, цената ќе замине у ѓавола, па некој за над 30 К еура ќе си купи нов пасат 1.9 дизел од Пошре и прв ќе си прдне во него.

Ефтини се само кршовите, извозени коли кои таму чекаат ред пред вратата на гробиштата за коли се продаваат по 300 евра. Овде се носи, се полира, се средува и се нуди за 1.500 до 2.000 евра.

Купуваш и си го начукуваш до кочан...пријатно со здравје!

Прв, втор, трет, стот...епа не се ни луѓево глупи веќе а и без парица е!

Секоја чест на исклучоците кои носат добри возила по плацеви и ги продаваат со минимална заработувачка иако сум скоро сигурен дека такви будали нема!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14330
  • Пудингот на шоферството
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #23 на: 21 Декември 2011, 11:53:19 am »
Точно така Спортекс,посебно моќните бензинце се многу иевтини...Истотака,јас незнам како овај глуп народ купува кола,стара 10-15 години дизел,и длабоко во себе си верува дека има 170-180Ккм....кога само би ја посетиле мобиле.де или некоја друга страница,можат да видат дека БМВ750и,Мерцедес Е,С500 итн.итн имаат по 300Ккм....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #24 на: 21 Декември 2011, 11:59:32 am »
Токму така Мечето, просечна реална километража на кола во Германија вика е од 25 до 40 илјади километри на година и тоа за коли на приватни лица не на фирми, податок земен од дилер на возила. Се што епомалку вика од 25 илјадарки е премногу сомнително (може да е враќана) а се што е над 40 е исто така сомнително, дали колата се користела само за приватни цели или како служебно возило. Се разбира дека бројките се просечни, и се дадени според неговото 13 годишно искуство во оваа работа.

Приказните за бабата која си го чувала Голфот у двор и го возела само во недела кога и идела внуците од берлин на гости се за мали деца и глупи луже со многу пари а малку мозок.

Таму кола се зима за да се вози, поготово помалите возила кои се сметаа за фамилијарни, а не се вози седи дома, ја продаваат одма додека не изгубила на вредност, ама таа не е фтина.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #25 на: 21 Декември 2011, 12:35:39 pm »
Малце ме замисливте сеа со муабетиве,по тоа како ги преправаат колите таму сопствениците и тако далје..

Јас колата ја земав од прв газда,не е во плац купена,стариот не ја ни продаваше ама му понудивме добра сума на пари и се согласи да ја даде,ја купивме со 201.638 км (точно се сеќавам),плус ништо до сеа ми се нема расипано (апсолутно ништо)..

Сеа според вашите муабети јас треба да седам да ја гледам колата дали е ебена,удирана,преправена (иако се тоа е направено) пак..

Имате силна моќ на убедување,меѓутоа тоа што сакам да кажам е дека донесено во државава е само таа кола што купувачот може да го купи,затоа мислите дека се тоа се кршови..
« Последно менување: 22 Декември 2011, 16:37:56 pm edonos »
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #26 на: 21 Декември 2011, 12:37:26 pm »
Многу убаво си кажа калимеро,има и во германија добри коли и сочувани со малку поминати,ама ај иди купи ја..

 
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14330
  • Пудингот на шоферството
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #27 на: 21 Декември 2011, 13:06:28 pm »
Има убави коли да,ама се плаќаат солено,поточно си се плаќаат реално за состојбата,годината,опремата итн.итн...Ние зборуваме дека овие шо кај нас ги носат препродавачите се кршови...Неможе некој да продава БМВ 320д од 98/99/00,со фул опрема,бандаши 17/18ки,со 150/160/170 Ккм,за 5000евра,во кои 5000 евра,сигурно препродавачот прави ќар од 300евра миниум...За добра кола,ке си платиш добра цена,се друго тие,приказни за неуки :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #28 на: 21 Декември 2011, 16:43:42 pm »
Баш така, никој не рече дека нема добри коли, читајте малку поубаво, туку дека кај нас на плацови се носат воглавном кршови за да се офајдат убаво!

За добрите коли, треба добро и да платиш, не се купуваат со 1.500 евра.
« Последно менување: 21 Декември 2011, 20:27:48 pm Sportex »

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2206
Одг: Никој не купува ни стари, ни нови коли
« Одговори #29 на: 21 Декември 2011, 19:55:16 pm »
Токму така Мечето, просечна реална километража на кола во Германија вика е од 25 до 40 илјади километри на година и тоа за коли на приватни лица не на фирми, податок земен од дилер на возила. Се што епомалку вика од 25 илјадарки е премногу сомнително (може да е враќана) а се што е над 40 е исто така сомнително, дали колата се користела само за приватни цели или како служебно возило. Се разбира дека бројките се просечни, и се дадени според неговото 13 годишно искуство во оваа работа.

Приказните за бабата која си го чувала Голфот у двор и го возела само во недела кога и идела внуците од берлин на гости се за мали деца и глупи луже со многу пари а малку мозок.

Таму кола се зима за да се вози, поготово помалите возила кои се сметаа за фамилијарни, а не се вози седи дома, ја продаваат одма додека не изгубила на вредност, ама таа не е фтина.

Го има ли тој податок за просечната километража во германија дека е од 25-40 000км некаде на нет од некој доверлив извор?Малку барав и на неколку места видов дека просечната помината километража до 2002 год е 12-15 000 км за приватни возила.Малку да истражуваме ,барем да сме на чисто околу тој податок.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!