И јас избегавав дедини и бабини возила со многу опрема донесени од странство. Конкретно имаше уште 3 мазди 6 и сите со повеќе опрема од кои 2 турбо дизелчиња и една 2.0 бензин. Но на ниедна не и се знаеше баш историјата, без сервисна книшка и слично. Едната демек дипломат ја возел, хаха жими стојко, па као купена од странство. Друга демек 110.000 имала поминато, на километража и пишува 210.000, а изгледа ко да има поминато милион и 210.000. Као дечково по грешка му се стиснал кецот кога го пишувал огласот. Уствари огласот беше тазе и му се јавив истиот ден, па не успеал да ја однесе да и вратат километража по незнам кој пат. И така, на крај ја најдов мојава со најмалку опрема ама од прв газда, сервисирана во овластениот сервис на шупците со сервисна книшка, и сочувана чичка. Па така и јас се сторив со половњак.
Toa и ми беше муабетот...
Луѓето се палат на опрема на колите донесени од германија, без притоа да не се секираат за педигрето на истата. Зборот ми беше ист. Значи помалку опрема, прв газда, сочувано и исправно возило, купено од кај нас со сите салтанати...
А тоа дека нема добри аута во немачка, напротив...Но нека некој ја види цената на пример на кола за пример ке ја земам твојата мазга. Исто возило такво во германија, така сочувано и од прв сопствени е со цена во најмала рака иста како таа ти што ја купи...Барем за тоа не може никој да ме убеди...Минатата година повеќе време поминав во Германија него во Скопје...Ама луѓето не разбираат дека се што вреди и што е добро, во германија никој нема да им го даде поклон....
Скапана кола, ефтина цена..Калемена, правена, фарбана, доправана, преправана...Добро ауто, цена како и овде, никој нема да го купи, затоа што нема ни што да заработи на него, нели?
Е сега...Ако некој сака да си донесе кола лично за него, во тој случај повторно треба да се стави математика у игра...Си сака многу шетање, пријатели (македонци, ај да не бидам прегруб-балканци НИКАКО!!!) под рука и ке те одведат на право место...
Многу убав муабет ми направи еден човек од Штип кој што работи и живее во Швајцарија одамна...Ми рече вака...Момче...Има многу коли...Во швајцарија се прескапи...Ние балканци одиме во Германија и купуваме половни па ги возиме во Швајцарија. По некое време, месец, два три додека да се средат папири, после ги препродаваме и заработуваме по некое евро екстра...500 500, кој ти ги дава. А ако сакаш добро ауто да купиш, никако и никако да не купиш од Балканец!!! Купи го удрено од Германец, Француз, Аустријанец, Швајцарец, али знаеш дека удреното е удрено, пример крило, врата или слично и тоа е тоа...Другото е се, буквално се исправно...Ако нема маана, ондак знај дека тоа е така...Попедантен и поразбран народ од нив за таа работа нема. Или е се исправно, или колата е на сервис додека не се среди проблемот...
Така да момци, удрете на купување половни возила...
АКо не сте имале до сеа, сега ви е шансата да имате контејнер со клима