Автор Тема: Audi Q3 2.0 TDI Quattro  (Прочитано 9953 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3864
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #75 на: 27 Декември 2025, 15:16:51 pm »
Јас на Шкодата веќе преку 30к км и на Полото што го имав исто.

Многу тивка гума и многу доверба ми има влеано до сега, снег, голомразица, вода, суво…

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2758
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #76 на: 27 Декември 2025, 15:59:55 pm »
И јас ја имам истата на Леонот.
Супер е.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2308
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #77 на: 24 Јануари 2026, 11:27:48 am »
Во периодот додека бев во МК и додека ја возев Q3ката греењето некако беше преслабо.
Пред некој ден исчистено е ладничето за парното,откачени цревата кои влегуваат во казанчето и приклучено на машина за чистење.Читав дека во некои модели во казанчето за разладна течност кај ВАГ возилата се ставало кеса со некој песок или нешто за да се спречи корозија на алуминиумските делови на моторот.Па оваа кеса знае пукне и да го запуши ладникот за парно.
После чистењето татко ми кажа дека сега парното е одлично, договорено е после 300-400км или ако повторно се почуствува дека греењето не е добро да се повтори процесот на чистење.

Воедно закажан и термин во април за промена на ПК каиш со затегнувачи,масло и филтер за масло а можно е да се промени и ребрастиот каиш кој а придвижува маслената пумпа.

Освен ова со греењето  возилото вози одлично, додека бев во МК немаше снег и немав можност малку да ја провозам во снежни услови.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2308
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #78 на: 17 Април 2026, 15:52:15 pm »
Да направиме еден апдејт,нека стои тука како информација.

Во средата на 15.04.2026 на 184 720км , возилото беше оставено  да се направи голем сервис,и денес возилото земено.
На сликите се извадените делови и прикажани пакувањата од деловите кои се ставени.

Променети сет ребраст каиш,затегач (континентал) и водна пумпа оригинал VW.



Сет линиски каиш(континетнал),затегнувач (Ина) и ременица (Ина) на алтернатор.




Ребраст каиш на маслена пумпа оригинал VW и семеринг на радалица Елринг.



Масло Кастрол ЕДГЕ 5W/30 и Филтер за масло Хенгст.

Ребрастиот каиш и водната пумпа беа заменети кога го зедов возилото тука во ДЕ,но во разговор со мајсторот беше одлучено кога веќе се растура ,да се стави се ново иако возилото дали имаше поминато 10000км со тој сет на континентал.
За ова се одлучивме со татко ми поради тоа што не знаевме  каква е состојбата на ребрастиот каиш на маслената пумпа.Според мајсторот каишот бил добра состојба и можело да се вози едно 50000км .
Според мајсторот возилото е во одлична состојба.

Фактурата






« Последно менување: 17 Април 2026, 16:02:33 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #79 на: 18 Април 2026, 07:22:04 am »
А где је штопна?

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2308
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #80 на: 18 Април 2026, 22:23:48 pm »
А где је штопна?

Штопната,т.е подлошката/шајбната е гратис.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен vladimir123

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #81 на: 19 Април 2026, 21:18:21 pm »
извини ако веќе си одговорил, колку пари те кошташе да се увезе во МКД возилово?

дали  2.0 е доволно силно за ваа тежона и шасија?


Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2308
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #82 на: 19 Април 2026, 23:21:11 pm »
На предходната страна е наведено колку ме фати се.Ама еве ти пак.

Комплет давачки царини,хомологација,шпедиотерска услуга, регистрација,таблици се комплет се доаѓа до сума од 273270 ден. или околу 4450е.

Возилото е тешко околу 1680кг, овој модел е со 184 коња и те како солидно си повлекува.

https://i.imgur.com/pr7ceMH.mp4

https://i.imgur.com/VTV5mL0.mp4
« Последно менување: 19 Април 2026, 23:30:28 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен vladimir123

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
Одг: Audi Q3 2.0 TDI Quattro
« Одговори #83 на: 22 Април 2026, 17:01:29 pm »
На предходната страна е наведено колку ме фати се.Ама еве ти пак.

Комплет давачки царини,хомологација,шпедиотерска услуга, регистрација,таблици се комплет се доаѓа до сума од 273270 ден. или околу 4450е.

Возилото е тешко околу 1680кг, овој модел е со 184 коња и те како солидно си повлекува.

https://i.imgur.com/pr7ceMH.mp4

https://i.imgur.com/VTV5mL0.mp4
Фала ти