Моето лично искуство со DHL е дека се доста професионални, а од друга страна и знаат да го наплатат тоа ПОШТЕНО.
За фирма кога ми стига пратка која подлежи на царински трошоци (електроника, машински делови...) плаќам околу 50е. (на шпедитерот, кој во твојот случај е DHL) и плус 900 ден. за лежарина. Царина и ДДВ во скоро време не сум плаќал бидејќи се ми е праќано под гараницја односно фабриката која ми ги испраќа деловите не ми наплаќа за нив. Претходно на сите делови пристигнати преку DHL плаќавме и царина и ДДВ и без тоа не може.
Искоство од пријатели и другари кои нарачувале од интернет е дека се е подобра опција од DHL, односно поефтина.
За повеќе информации околу нарачки можете да видите на следниов сајт
www.shoppingUSA.mk дечките се наши кои испорачуваат од Америка се што ќе нарачате. Разгледајте убаво, јас до сега не сум ги користел ама има доста задоволни корисници.
За царината не сум сигурен како иде бидејќи се испраќа од Ваше име на Ваше име (со регистрација добивате адреса во УСА), а според царинскиот правилник максималната вредност која не подлежи на царина е 45 еур. за нарачки преку пошта и 300 еур. за роба увезена лично во Р.М.
- За твојот проблем, единствено решение кое ми звучи како најисплатливо е да ги подмириш сите трошоци и да си ја земеш робата, во спротивно можа да те чини и повеќе ако робата се враќа назад... да не го наплатат и испраќањето.