Имав обид за ваква кражба за велосипедска кацига која ми беше пратена како замена (фабричко отповикување на моделот, и бесплатна замена праќаа).
Си ја грабнале овие кацигата, си ми го пратиле истиот мејл, ја им викам платени се еднаш давачки, кога ја нарачав кацигата, оваа е замена, нема логика пак да ми наплаќа државата.
Рекоа ќе виделе што може да се направи, збореле со царина, овие одобриле исклучок од давачки освен 200 денари за нешто измислено (колку да не биде без ич). После се оправав со ТНТ дека денар не гледаат од мене, ако сакаат нека се расправаат со испраќачот зошто јас кацигата сум ја платил еднаш, и не сум крив што фабриката си ја бара назад и е спремна да ми прати нова.
На крај виделе дека нема разбирачка, го контактирале испраќачот, испраќачот им ги платил тие 1600 денари што ги бараа, и им ги платил и тие 200 што ги барале од царина.
Од тогаш, поука сам на себе ми е како попарен да бегам од ДХЛ, ДХЛ Експрес, ТНТ, и сличните други интернационални пошти што крв пијат.