Баш така слична беше приказната и со јапонските, односно азиските брендови кога се пробиваа на пазарот кај нас за кого-како бргу помина 2 децении од тогаш наваму, па со тек на време си го најдоа местото. Јас лично возам азиски бренд и сум презадоволен, а и многу блиски околу мене се веќе на таа страна. Не гледам зошто во иднина да не возам кинез – ако нуди тоа што ми треба по реална цена, зошто да не.
Во автомобилскиот свет европските премиум брендови секогаш ќе бидат тоа што се – Audi, BMW, Mercedes – особено некои нивни модели кои ќе останат на врвот на листата на желби. Ама реалноста е дека цените отидоа предалеку – Polo за 25k, A-Class за 40k... Audi ретко промашува, освен можеби со A3, ама генерално ретко кој би дал 25илјади евра за поло секој ке избере кинез еве џили за тие пари па ти види што добиваш....
И јапонските брендови по сите овие години веќе си имаат „јаки“ цени кај нас. Кинезите се на добар пат, и доколку државата помогне барем со некоја субвенција, ќе имаме многу повеќе нови возила по улиците па нека бидат и кинези, важно да се движиме напред со нови возила по улиците.
Не е важно од каде доаѓа автомобилот, важно е каде те носи. 🚗
Поздрав охридски за конструктивен и темелен разговор – секогаш ќе се најде време и простор!