Денес сите сакаат топ кола за багатела, а кога ќе дојде време да платат одеднаш им е скапа. А не гледаат дека некој вложувал години, пари и нерви, не за да ја препродава со профит, туку за да вози сигурно и со мерак.
И да пазарот си влече свое, ама пазарот не значи ништо кога збориме за кола што реално вреди повеќе од тоа што моментално некој е спремен да плати. На крај, или ќе се појави купувач што знае што добива, или ќе си ја задржиш и ќе си тераш со ќеф и двете се win.
Сите ние сме се нашле во ваква ситуација. Секој што продава си има своја цена на тоа што го нуди. Во случајов со Опелот, човекот има целосно право да бара и 8000 евра ,тоа е негово право негова сопсвеност он е Домаќин он продава ако ти се допаѓа повели ако не здравје. Пазарот на половни автомобили во Македонија е веќе одамна „збеснат“ и отиден во погрешна насока.
Прво, реткост е да најдеш кола што не е препродажба без разлика дали е Опел, Ауди или било кој друг бренд. Овој Опел ќе си најде сопственик, затоа што колку пари толку музика. Не значи дека нема да се продаде, само треба да налета вистинскиот купувач кој бара до тој буџет количе а во Македонија многу ги има.
Реткост е некој да си ја има целата историја за кола, па бујрум – од авион се гледа дека човекот не е препродавач, туку ја има со години и сега сака да ја продаде.
Јас лично никогаш не би купил кола од оглас во Македонија, бидејќи пазарот кај нас е мал и нереален. До буџет од 4000 евра – реткост е да најдеш проверено и одржувано возило како ова опелче.
Р-Е-Т-К-О-С-Т.