Автор Тема: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks  (Прочитано 4203 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #30 на: 27 Јуни 2025, 04:17:45 am »
Ууууу, чичо... продаде козите, двеста магариња зема, а?!

Со среќа нека е, како викавте тамо У Битола, уба да ѝ је срејчата или така нешто :D
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #31 на: 02 Август 2025, 20:29:50 pm »
Alfa u svom prirodno stanje  ::) ::)



Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #32 на: 07 Август 2025, 21:27:47 pm »
Како скоро и секоја година оваа пак повозивме до Врахос


Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #33 на: 08 Август 2025, 10:42:56 am »
Убо е викаш? Ајде за две недели ќе го пробаме Врахос :)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #34 на: 08 Август 2025, 21:16:33 pm »
Јас 3г одам по ред, пред се пошто плажата ми е на 20метра од апартманот лежалките се без пари односно со пијачка шо ќе порачаш. Е сега знај да има бранчиња единствено то ако ти смета

Присутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #35 на: 09 Август 2025, 00:14:41 am »
Јас 3г одам по ред, пред се пошто плажата ми е на 20метра од апартманот лежалките се без пари односно со пијачка шо ќе порачаш. Е сега знај да има бранчиња единствено то ако ти смета

ќе преживјме 🤣 Крај краева нека се тркалат в песок, да попливам нарает 😆

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #36 на: 18 Август 2025, 23:16:00 pm »
Регистрирана прв пат од ко е во мене, со се зелен картон 19100 ден. Во споредба со 147 ката излезе поскапо негде 600-700 ден шо не е лошо за 50кс плус.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #37 на: 21 Септември 2025, 22:37:31 pm »
Уште ко ја зедов не работеа прскалките на фаројте, се изначитав глупости трошеле многу течност не знам шо на крајот не ме држеше место морав да отворам да видам зошто не работат и да ги напрам ако се прат.
1.Прво шо видов го имаја откачено цревото од пумпата до неповратниот вентил и му имаја ставено шраф за да не прска вода (а можеле само ги исклучат контактите од пумпата)

2.Ја проверив пумпата дали е во ред дирекно на акомулатор и работеше а испадна проблемот дека е до неповратниот вентил. Купив половна инстлација 1500 ден и џабе и тој вентил неисправен фактички со тек на време запекваат внатре федерите.

3.ОЕМ неповратен вентил нов не се нормални 80евра, половен во Мк неможев да најдам а и да најдев пак на ризик и на крајот зедов импровизирав. Купив Т-спојка за плин со 100мм дијаметар и неповратен вентил за вода (800 ден се на се), се плашев да не нема доволно притисок пумпата за да го отвори вентилот ама на крајот се испостави дека можи да ја брка работата.


На крај едно видео, јас кефој зато шо сите прскалки беа во ред и не требаше браник да вадам за да менвам некоја  ;D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7998
  • Плинаш!!!
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #38 на: 22 Септември 2025, 06:42:00 am »
Нема боље чувство од тоа коа нешто ќе поправиш сам.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #39 на: 22 Септември 2025, 09:09:08 am »
Купив Т-спојка за плин со 100мм дијаметар

Сега брат и тревата можиш да ја новоднуваш.  ;D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #40 на: 22 Септември 2025, 10:57:40 am »
Како им е изведено ова, Браво.
Кога прскаш, дел од водата се одбива на страна, и дава ефект како биковите од филмовине. Кога им чури и од нос у од уши.  ;D

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #41 на: 22 Септември 2025, 21:38:44 pm »
Купив Т-спојка за плин со 100мм дијаметар

Сега брат и тревата можиш да ја новоднуваш.  ;D
Богами, цревата се со дијаметар од 8мм инсталацијата видија синкир црево за дворо наводнување.
Ама пак паметно изведено му е, работат само ако се фаројте уклучени и од кога ќе ја повлечиш ракетата за прскање работат само 3 секунди и после то се гаснат и продолжват да прскат само прскалките на шофершајбната.


Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #42 на: 22 Септември 2025, 21:39:45 pm »
Купив Т-спојка за плин со 100мм дијаметар

Сега брат и тревата можиш да ја новоднуваш.  ;D
Грешно сум напишал 10 мм е спојката а богами и цревата се со дијаметар од 8мм инсталацијата видија синкир црево за дворо наводнување.
Ама пак паметно изведено му е, работат само ако се фаројте уклучени и од кога ќе ја повлечиш ракетата за прскање работат само 3 секунди и после то се гаснат и продолжват да прскат само прскалките на шофершајбната.



Отсутен Boyan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Alfa Romeo 159 SW 2.4 200ks
« Одговори #43 на: 24 Септември 2025, 16:15:34 pm »
Како скоро и секоја година оваа пак повозивме до Врахос



Кај новото гиро си ја сликал 😁 за малку сме се утнале јас до 3 август брв таму. Инаку на ова место 10 дена имаше скопска кола паркирана некоја А класа црна беше.