Уште ко ја зедов не работеа прскалките на фаројте, се изначитав глупости трошеле многу течност не знам шо на крајот не ме држеше место морав да отворам да видам зошто не работат и да ги напрам ако се прат.
1.Прво шо видов го имаја откачено цревото од пумпата до неповратниот вентил и му имаја ставено шраф за да не прска вода (а можеле само ги исклучат контактите од пумпата)

2.Ја проверив пумпата дали е во ред дирекно на акомулатор и работеше а испадна проблемот дека е до неповратниот вентил. Купив половна инстлација 1500 ден и џабе и тој вентил неисправен фактички со тек на време запекваат внатре федерите.

3.ОЕМ неповратен вентил нов не се нормални 80евра, половен во Мк неможев да најдам а и да најдев пак на ризик и на крајот зедов импровизирав. Купив Т-спојка за плин со 100мм дијаметар и неповратен вентил за вода (800 ден се на се), се плашев да не нема доволно притисок пумпата за да го отвори вентилот ама на крајот се испостави дека можи да ја брка работата.

На крај едно видео, јас кефој зато шо сите прскалки беа во ред и не требаше браник да вадам за да менвам некоја
