Како можи да се пое*и...
Не е за секој чепкање во модули и слично, од едно "нормално" гасење на ДПФ изгоре колата баш во сервисот во Прилеп, што ако изгореше во возење?
А за рачната, како сакаш друже, и едната и другата опција имаат предности и маани. На мојата кола кога ја купив не работеше рачната кочница (мануелна), беше откачена сајлата. Ја однесов кај доста познат механичар во градот каде што живеам, ми побара прилично многу пари за нови шепи на возило од 1998ма. Друг механичар (може да го наречам и матичен, не го менувам за ништо, фамилијарно ни сервисира возила од 2016-2017та) за 5 минути ги демонтира деловите, ги исчисти, стави маст (за зглобови) кај клипчето за рачната кочница, ја разработи рачно (со штрафцигер напред-назад) и ден денес имам функционална рачна кочница, единствено левата запече малку летото 2024та, но беше решена исто за 5 минути. Веќе 3 години си функционира коректно, а не ми беше ни наплатена работна рака, многу зависи од твојот начин на користење на возилото (била запечена кај мене од некористење) и од мајсторот кој ти го одржува возилото.