Друже, најдругарски совет на свет - смени го мајсторот. Јас не би се вратил кај мајстор што ќе ме советува во било кој контекст да деактвирам било каква кочница. На времето имавме еден форумџија тука кој сакаше да ги деактивира воздушните перничиња, пошто многу биле скапи да се сменат ако пукнат. Мислам...
Дополнително, на старата кола, на секое застанување кревав рачна. Навика ми беше. Еднаш, пред доообри 15-тина години, заборавив да кренам рачна на површина што мислев дека е рамна и случаааајно имав оставено во лер. И погоди што се деси? Колата ми се прошета 2-3 метра. Среќа, среќа немаше никој повредено, ниту пак некаква штета.
Вози си ја колата, не се замарај за автоматската рачна. Ако се расипе, ќе му ја мислиш. Скоро сум убеден дека нема да се расипе. И да, како што спомна некој - многу повеќе шанса има да се запече од некористење, отколку од секојдневно користење. Да не праиме муабет дека со некористење на рачната, ставаш товар на други, потенцијално многу поскапи за менување делови. Што мислиш што е поскапо за поправање, рачна кочница или менувач?