Затоа што се сведува се на "бабуш" муабети.
Експерти во секоја област со зајечарско пиво, мортадела и вегета ги имаш насекаде.
Ете затоа, му се увртело во глава дека ако има 180 000 км е топ колата, ама ако има 260 000 е отпад, ама ако е ауди, е ондак не е проблем и 400 000 да има пошо може и до милион и 400 000 да тера.
Секој што ја купил колата и ја има 10 години тера класика муабет - Баце 10 години ја возам, ништо неам сменето.
Ооокеј, ајде да ја однесеме на мајстор да најдеме што се уствари треба да се замени на таа кола што 10 години ништо не сменето.
Јас две години го иам бравото и имав само еден дефект, менувачот.
Се осанато ми е во рамките на потрошен материјал што кад тад мора да се смени, а тоа е голем сервис, свекици, дискови и плочки и чаури напред.
Али сите наоколу леле ти само по сервиси си, дрдр класика муабет.
По некој период ете ги истите тие ликови абе ми тропа предница, бев на мајстор, стабилизатори, спони, ова она треба да мењам, леле иде голем сервис итн.
Ама битно за твојата кола за истите потрошни материјали одма знаат да дадат експертска анализа дека ти само по мајстори киснеш.
И трето, сите се водат по козметичкиот изглед на колата, тука ти е гребната, тука лакот, ова она.
А не го интересира дека ти уназад две или више години редовно си сервисираш и се што искочило како проблем ти е навремено заменето/сервисирано и дека тоа возило 99% од времето е технички исправно да тргнеш кога и да сакаш на пат.
Јас со мојата кола постојано патувам без престан, во 17 часот тргнувам за Битола или Охрид и истата вечер во 1-2 часот по полноќ се враќам назад без никаков страв дека колата ќе ме остави дефект.
Ама тука се бабуш експертите да солат памет.
Наоколу сите зборат Фиат вака, Фиат така. Јас и после 2 години сметам дека направив океј избор на возилото и моторот и ич не ме интересираат бабуш експерт анализите дали фиат бил ваков или таков.
Или за алфа заебанциите.
Ама баце голф или ауди само, не се расипува.
Затоа секој ден фул е сервис АвтоМитревски со аудиња и голфови, да не беа и тие кварливи или да немаа потреба од никаков сервис, ќе пропаднеше човекот, немаше да има работа, логично нели ?
