Ехх Симо па многу зависи и од одржување. Ако менуваш уље по пропис на 30.000км НО според спецификација
, правиш сервиси како што треба по ред возилото ќе те служи. Колава е кај нас од 100.000км сега татко ми ја вози. Сликава е од вчера по извозени 5000км+ до балтик и назад за Скопје.
Според мене огромен број од возилата што се на плацеви се или лошо одржувани автомобили или со километражи кои се преку 400-500.000км и ги враќаат назад на 170.000.
Не ми е поентава да го фалам VW некои брендови се повеќе расипливи од други но бр.1 е одржување.
Секако дека одржувањето е многу битно, и јас тоа го кажав и потполно се согласувам, ако го прочиташ повторно постот мој, ќе видиш дека истото го кажуваме со други зборови

Но воглавно луѓето одржувањето го темелат на препорачаните сервисни инервали. Малку на број се оние кои се грижат за возилото повеќе од оноа што е „однеси во сервис како што пропишал производителот и таму ќе се погрижат се` да биде во ред“. А и со право, што има првиот газда да му ја мисли многу за вториот или третиот газда што ќе треба колата да ја вози од 180.000 натака. Ја купил него да го служи. Од друга страна, ќе видиш дека многу спецификации на самите делови се дефинирани со животен век до кај 200.000км. Еве на пример, за HP Fuel Pump елементот од 1.8 TBI моторот (а стотици различни модели на возила користат иста/слична таква) ова го пишува: Component duration: with the special tolerance, the component has been designed to last 10 years or 150,000 km.
После тој период, какво и да било одржувањето, се очекува дека животниот век ѝ е поминат. И за многу други делови истото е. Сензори, (MAP, MAF, Lambda itn), ротирачки делови (лагери на главчини, алтернатори, алнасери итн), DMF-и и купишта други работи, се` е тоа со пропишан животен век блиску до 150-200.000км, "for life" уље у мењач исто е за до втор газда... тоа ми е муабетот. До 200.000 треба да биде колата цакум-пакум, после тоа следат проблемите. Затоа, со среќа со се што е над оваа бројка. Не ѝ се надевај многу и уживај, па кога ќе се расипе (не ако се расипе, него кога ќе се расипе), оправи и терај даље без многу замарање.
