



Денес ја „освежив“ предницата со сет од Lemforder. Рамењата би требало да се добри односно долговечни (Made in Slovakia), стабилизаторите веројатно нема да траат долго со оглед на потеклото (Turkiye). It is what it is.
Извадените рамења беа добри (мислам дека видов датум на производство 2023), но бидејќи му „должев“ рамења на еден дечко, морав да ги сменам.
Стабилизаторите беа фабричките и иако не делуваа дека имаат голема луфта, со новите возилото е значително потивко при возење врз пукнатини на патот.
И секако, се е затегнато со пропишаниот вртежен момент при нормална висина на возилото.