Автор Тема: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp  (Прочитано 7066 пати)

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7257
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #60 на: 07 Ноември 2026, 13:40:22 pm »
Денес, прв пат ми се случува - проблем со плинот. Долги биип звуци со пауза меѓу нив и не префрла на плин. Или кога ќе префрли, моментално гаси колата. Понеделник иде во ЕвроГас.

Меѓувреме, ми се појавуваше повремено проблем, да престанат да работат трепкачите. Малце се заангажирав на темата, видов дека цела струја за трепкачите некако е поврзана со копчето за сите трепкачи, а кај мене тоа не светеше, си имало некогаш некоја траума. Па и повремено кога ќе ги пуштев сите знаеше да има убрзан звук од релето и слично. Па ги сменив и копчето и релето, за сега проблемот го нема, се надевам сум го решил.

И cup holder-от напред беше скршен, здробен. Па успеав да најдам и таков, и тој го сменив. 

Ми фали уште внатрешниот дел од пепељарата, ми ветиа дека ќе ми најдат.

Во мрѓувреме ги чекам деловите од Прчот, па да се освежи колата.

Sent from my Xiaomi 17T
Ми се случи на астрата само еднаш, ја газев доста јако ама заборавив дека е на плин, веднаш отидов на плинср, ја прештелува компјутерски и немав проблем. Може да е и до расплињача.

@vladic3110 ако е за сервис нема да титка постојано, само при палење или гаснење ќе титка.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6485
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #61 на: 07 Ноември 2026, 13:53:29 pm »
Зависи од плинот, на ловатото е така, кај некои други знам дека гаси.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7327
Одг: 2003 Toyota Avensis II (T25) 1.8VVT-i 129hp
« Одговори #62 на: 07 Ноември 2026, 14:44:54 pm »
Во прошлата фирма на Шкода Рапид 1.6 мпи со плин, исто така не префрлаше на плин и постојано титкаше.

Искочи дефектен МАП сензор, го заменија во Плимонт, малку ја штелнаа смесата и потоа беше се во ред.