Автор Тема: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks  (Прочитано 13166 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7436
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #60 на: 17 Јуни 2026, 09:17:17 am »
Да, треба да го смениш и горниот десен сега.  :D
Мислиш дека сега вибрациите се пренесуваат на (условно) послабиот/постариот држач, визуелно ми изгледа ок, што знам

Aх не знам, така ќе ти речат од сервис на рекламација, кој менува нов дел повторно, ама твое е да пробаш.
Нека го вратат стариот ако го чуваш, за проба.  ;D

Јас имав вибрации од десниот горен, ама кај мене беше хидраулично/гумен, кај тебе е гумен само.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7208
  • Бенве сие бенве
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #61 на: 17 Јуни 2026, 14:05:38 pm »
Држач не се менува само еден


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2947
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #62 на: 19 Јуни 2026, 12:33:54 pm »
Краток апдејт, бев пак во сервисот, по Илија нема осетни вибрации на воланот како јас што имам впечаток, нормално нема време да се заебава и да ја бара причината (иако јас мислам дека поради новиот држач вибрациите се шират по „послабите“ амортизациони делови, а јас не сум расположен да одам по принципот да менувам се по ред).

Заедно ја тестиравме колата, по него горниот држач е добар и нема потреба од промена на било што друго.

Искрено не ме воодушеви настапот во смисла не можеме да ја направиме како од фабрика или ако сакаш да ти нарачам цела предница (полуосовини, зглобови, стабилизатори и др) оригинал од Италија за 1200 евра па да смениме се. 

Единствено ценам што не почна приказна дека треба уште нешто да се менува.

Одиме понатаму
Своерачен потпис ;)

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2947
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #63 на: 25 Август 2026, 18:22:38 pm »
Да одбележиме „мал златен јубилеј“







Веќе кога се заиграв  :)


Своерачен потпис ;)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #64 на: 25 Август 2026, 19:27:34 pm »
Овај сензоро за температура да не те лаже?😁

Sent from my 2209116AG using Tapatalk


Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2947
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #65 на: 25 Август 2026, 19:36:28 pm »
Хаха, не не, арен си е, 40 степени беше кога си тргнав од работа накај дома во 15:45 и баш дома 199.999 км, после некое време во гаража се спушти на 31 степен и оп пак надвор за 5 мин се качи на 37  ;)
Своерачен потпис ;)

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2947
Одг: Fiat Grande Punto 1,3 mjet 90 ks
« Одговори #66 на: 26 Август 2026, 16:14:38 pm »
Денеска на 26.08.2026 година на точно изминати 200 054 км направен трет редовен (мал) сервис откако е во моја сопственост колата, во овластениот за Фиат во Куманово, Велиновски:

Моторно масло 3 л Шел 5-40= 2640 ден
Филтер масло                      =   750 ден
Филтер за полен                  =   650 ден
Филтер за воздух                 =   750 ден
Филтер за нафта                  = 1500 ден
Работна рака                       =      0 ден
----------------------------------------------
                               Вкупно = 6290 ден

За разлика од претходниот сервис, сега маслото е поскапо за 130 ден по литар.

Поминав и 20.000 км со филтерот за нафта па решив да го сменам сега и него, поготово што користев адитив пред промената.

Своерачен потпис ;)