А зошто е проблем испораката на вртежен момент линеарно во голем опсег на вртежи, а не експлозивно во многу помал опсег на вртежи?
Затоа што на 1.5TSI не е линеарна и не испорачува максимален обртен момент на високи обртаи.
Torque curve-от најмногу потсеќа на класичен дизелаш, држи peak torque од 2000-3500 вртежи и после тоа нагло опаѓа. Најверојатно ради мала турбина што не може да издржи толку boost на високи вртежи, пошто и со ремап се дешава истото.
Проблемот е дека ги нема високите бројки на обртен момент од дизелаш, па не се осеќа ништо.
Пример:
1.5 TSI
2.0 TSI во 8ица GTI
Иако и овој опаѓа после 5000 вртежи претпоставувам пак ради турбото, пак има полинеарен delivery.
Не сум возел 1.5TSI ама ептен личи ко мртов мотор.