Автор Тема: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011  (Прочитано 1567 пати)

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« на: 07 Јануари 2025, 18:24:07 pm »
Пред скоро време купив половен Гољф 6, па да го претставам и што до сега сум направил

Немам многу слики моментално. Ќе ставам повеќе наскоро




Мислам дека колата има фул опрема што може да ја има, освен сончев кров.
- DSG
- RNS510
- Камера за рикверц
- Park Assist (сама се паркира паралелно)
- Темпомат
- Сензори напред назад
- Магленки напред назад (cornering активирано)
- Кожни седишта (не ми се допаѓа) со грејачи
- Ретровизори на расклоп со грејачи
- Подесиви седишта (и тоа за lumbar support) и подесив волан
- BiXenon фарови напред, најверојатно aftermarket
Не знам друго што е стандард и што е специфично за овој модел, ама има и „клима“ во glove box, потпирач за рака назад, магленки напред назад, двозонска клима, прскалки на фарови, блутут модул, итн.

Не ми се допаѓа баш како е одржувана претходно. Не е лоша, но не е сјајна. Имав специфични барања при купување на Голфов, мораше да е тој мотор со таа опрема, па ретки се примероците, а од тие што ги видов до сега, овој испадна најдобар примерок. Да имав избор, ќе ја земев истава кола со истата опрема, само без кожни седишта. И нормално, со позната историја.
Моментално има 222 222km, но претпоставувам дека има минимумм 333к. Не е позната историјата :)

- Одма после купување, сменети се гуртни, мажентни, и слични ситници.
- Направен сервис со Liqui Moly улје, и сите филтри. Старите филтри беа ужасни, најверојатно ретко променети. Филтерот за клима во кабина многу ретко сменет. Исто и филтерот за гориво. После промената на филтерот за кабина, многу помалку се замаглуваат прозорите од внатре. Во работата на моторот не можам да забележам разлика после сервисот. Ок беше и претходно и сега.
- Купен втор сет челични бандажи 16" и зимски гуми. Оригиналниот сет бандажи беше алуминиумски.
- Бузерот за паркинг сензорите назад се расипа првиот ден, па успат се расипа и Парк Асистот. Додека стаса бузерот од алиекспрес, ставен е отпорник на негово место. Се среди тој проблем, иако моментално немам звуци за задните сензори. Нема од каде во МК да купам бузер.
- Даваше повеќе грешки за сијалички, мислев дека е заради афтермаркет BiXenon фаровите. Испадна дека при ставање на сијаличката за магла назад, претходните газди го извиткале пинот/контактот на сијаличката скроз. Некогаш ми покажува ерор за сијаличката за таблиците назад, но гледам дека работат. Моментално не покажува никаква грешка.
- Радиото немаше никој друг јазик освен Германски. Му ставив понов Firmware и понови мапи, сега има Англиски и се работи добро.
- Ножната кочница беше многу „осетлива“ и јако кочеше. Откако се смени Brake Assist од (0-stock на 1), кочницата ми работи нормално.
- Колата имаше затемнети стакла и напред и назад. Ги извадив сите фолии. Задните стакла фабрички биле затемнети веќе.
- Порачани се лед светла, ќе ги сменам сите од обични жолти во ЛЕД во кабина и кај табличките.
- Левиот жмигавец и puddle light на ретровизорот не работеa. Бил изваден кабелот/пинот внатре во него. Сега работи, но и двата ретровизори се искршени кај жмигавецот. Сигурно ќе треба и двата да се сменат во иднина.

Тоа е се од „решените“ проблеми.

Овие ми се Pending проблеми, би било супер ако имате совети:
- Имаше повеќе литри вода кај резервната гума. Водата беше чиста, бистра. Не сум сигурен од каде е. Познат проблем е кај Голф 6 и 7. Може да е од цревото од капакот кај камерата што оди до доле, може да е од штоповите, и од клапните назад. Сеуште не сум нашол од каде доаѓа водата и не можам да најдам. Откако ја исчистив, пробував со шише вода и после дожд и после перење, не најдов пак вода. Дали е можно да му се истурило вода на претходниот газда таму и да не му е гајле за да провери да види дека има вода?
- Се слуша тропање од време на време од замаецот додека е паркирана или во лер. Не сум сигурен до кога да чекам за да го променам бидејќи е скап зафат. Мајстори ме советуваат дека е океј и може да се вози вака. Што мислите вие? Дали да ја возам додека не почне почесто да тропа или додека не се расипе тотално?
- Парното не дуваше топло од десна страна. Ја однесов на мајстори, го „исчистија“ казанчето за парно со обични црева, компресор, и средство. Не машински. Малку се подобри, но сеуште не е добро. Сега мислам дека рандом некогаш дува топло само од лева страна, некогаш само од средина, итн. Претпоставувам дека клапни се проблем во овој случај, но ќе видиме. Можеби на некој ќе му биде корисно видеово за калибрирање/ресетирање на клапни https://www.youtube.com/watch?v=r38l1lCoTF4
- Двапати до сега ми се појави DPF сијаличката. Се изгаси откако ја извозев на автопат, но ако често се затнува ДПФот или често бара регенерации, прво планирам да го исчистат механички, па ако не се среди проблемот, ќе ги исклучам софтверски ДПФ и ЕГР. Ауспухот е црн, нечист.
- Не пали од прва при прво палење на ладно. Од втора пали. Кога е загреан моторот и возена колата, пали од прва. Ако го завртам клучот неколку пати, без да верглам, исто пали од прва на ладно. Значи најверојатно е некој грејач или реле за грејачи? На дијагностика даде проблем со релето за грејачи. Дали релето е 6-7000 денари? Мислев дека би била цената како за „обично“ реле за жмигавци, до 1000.
- На сите врати им треба штелување. Некои тешко се отвараат, многу „лепат“. Некои крцкаат при отварање.
- При возење на поголеми брзини (над 100) се слуша некое тивко зуење или свирење. Тешко е да се опише, но звучи како од некаде да пропушта воздух и да дува колата. Не е гласно, но иритира дека се фокусирам на него и не знам од каде иде
- На CarVertical даде дека е менувано предното ветробранско стакло. Не даде никакви информации за судари.

Не се проблеми, но чекаат на ред:
- Ќе треба да сменам улје во менувачот. Моментално супер си работи и добро ги менува брзините, ама ќе треба и тоа да се направи некогаш.
- Затегач за каиш или комплет каиши да се променат. Не сум сигурен кога и дали ги менувале претходно. Не слушам никакви „лоши“ звуци моментално од нив.
- Да се промени антифризот. Ни тоа не сум сигурен кога и дали го направиле. Сакам тоа да го темпирам со потенцијалната промена на казанчето за парно.
- Да се промени глицеринот. Не знам ни тоа кога и дали е променето.
- Колата ја купив со само еден клуч. Ќе морам да направам копија ASAP.


Драги VW сервисот од Скопје ја провери колата пред да ја купам. Не кажа никакви големи проблеми и ниеден проблем од листава моја на Pending проблеми. Не можев да закажам проверка кај Митревски и Др. Авто, па тоа е што е. Колата е кај мене и ќе ја средам како што треба. Малку се замарам и сакам се да е средено и функционално, па листава на проблеми ми се зголемува. Некогаш ќе мора да се доведе до Одлична состојба.

Слободно прашајте нешто ако ве интересира или ако имате совети. Првпат „претставувам“ кола па не знам што како


« Последно менување: 07 Јануари 2025, 20:10:59 pm Lone »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17562
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #1 на: 07 Јануари 2025, 18:58:24 pm »
Со здравје да си го возиш Гољфот, се надевам нема да те банкротира како што тргнал.

За да спречиш барем делумен банкрот, ја би побрзал со менување ребраст каиш особено знаејќи во колку очајна состојба биле филтрите. Чим некој не се замарал филтер од 15 евра да смени... Од каиш како поим - знае само од оние за панталони.

Со среќа во решавање на ситните проблеми. Би погледнал поубаво околу задниот дел на колава - фаровите се веројатно оригинални бидејќи доста опрема има колата, само фалат задните ЛЕД светла што во комбинација со водата во гепек и недостатокот на ознаките за модел и мотор на 5та врата ми создава некои сомнежи.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2227
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #2 на: 07 Јануари 2025, 19:18:48 pm »
Oдличен голф , со здравје да си го возиш само да знаеш црна боја вечно прљаво возило ке биде го перел не перел.Супер си е голфот плус аутомат до среди тие ситници и гас вака убаво изгледа на изглед.
Среќно.

Отсутен nikoloskim23

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 55
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #3 на: 07 Јануари 2025, 19:19:48 pm »
Со здравје да си го возиш возилото и многу безбедни километри да се изнавозиш без проблеми и главоболки се надевам, слична историја имам и јас последниве 5-6 месеци ради предходно што не се одржувало па минатиот сервис ме чинеше 80000 ден за да знам дека имам исправно возило, си патиме од предходни сопственици :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6488
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2025, 07:47:20 am »
По мое јас би сменил:
- клуч, или барем обичен
- реле за греачи, да не си играм со палење на секое
- па голем сервис а со тоа и антифриз, ако се менува и водна пумпа, а не ми се верува да се затнал радијаторот од парното

па другото како се можи/ стигни во текот на годината

Отсутен kajgance1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #5 на: 08 Јануари 2025, 08:56:28 am »
Ако се работи за Драги од Влае, човекот има обичај тоа да го прави.
Истото ми го има направено и мене, за после тоа на следниот преглед да извади цел список на работи што не чинат,
Генерално не го препорачувам, тежок човек и преценет.
Со здравје да се вози и полека се да си средиш да биде како што треба :)

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2025, 10:51:41 am »
Не можев да закажам проверка кај Митревски

Со здравје да ја возиш пред се!  :D
За кај Митревски, јави му се и барај термин да закажете. Ако е ептен гужва, ќе ти закаже после две недели ама ќе ти закаже и секако ќе си го испочитува терминот.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 712
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2025, 10:55:53 am »
Честито и со здравје да те служи.
ДПФ - пробај и со некој адитив во гориво, јас редовно користев адитив за ДПФ и дизни, немаше проблеми, на Голф 6 ГТД.
Ако евентуално решиш да го отстрануваш, носи ја кај некој што ќе стави квалитетна мапа и ќе го изгаси ДПФ софтверски.
Замаглувањето стакла во кола може да е последователно на тоа што имаш вода во гепек, провери дали теписонот позади или задните седишта се влажни.
@MartinAlfista - да се надоврзам на твојот муабет погоре, имам гледано на огласи доста Голфови (6ки) што имаат напред лед, позади обични светла, или обратно.
Не знам дали станува збор за опција порано кога се продавале, пример да одбереш напред ЛЕД фарови и обични штопови.
Исто во некои држави позади не го пишува моделот на возилото, на гепек.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
  • The best or nothing.
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2025, 11:54:54 am »
Со здравје да се вози, и со мерак да си ја средиш. Јас би ти препорачал, чисто информативно, да ја прегледа некој од мајсториве погоре што ги наброја. Чисто како инфо, да чуеш мислење од "познат" човек.
Во врска со замаецот, во србија го има, по цена од 300евра (нов). (чисто да имаш инфо)

Не ми е јасно, како може сервисер/механичар, да не примети вакви работи? Можеби не навлегуваат толку детално во самиот преглед. Доволно им е со пајсер да проверат од доле, да видат моторот дали тече, и толку.

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #9 на: 08 Јануари 2025, 12:19:50 pm »
Фала ви на сите.

И јас мислам дека е нормално да нема назад лед и ознака за модел, имам видено слични модели. Ама што знам, не ме чуди да е удрена и менувано нешто.

Кај Митревски не можев ни да го добијам на телефон. Покрај тоа што не можеше ни термин точен да ми даде кога го добивав. Беше у стил "јави се нареден вторник за да ти кажам кога "

Др. Авто не прегледуваат коли, ама нареден посериозен проблем ќе ја однесам кај Авто или Митревски па се надевам успат ќе ја видат детално.

Не беше лош Драги од Влае, ама па и не сум скроз задоволен.  Најде само ситни проблеми ете како мажентните. Само тоа е, немав опции. Штета што нема веќе МК Ауто Експертиз. Да ми кажеше било кој за замаецот можеби немаше да го купам. А Драги и други мајстори ме убедуваат дека може да се вози колата и не е страшен замаецот. А за грејачите не покажа ништо на дијагностика кај повеќе мајстори и нормално палеше додека не дојде ладното време. Можеби тоа е нов проблем.

Климата ја проверив само дали лади, не дали грее. И тоа е ваљда моја вина.

Водата во гепек би сакал исто некој да ја видеше, но ете ни јас не проверив иако е познат проблем. Не најдов вода никаде на друго место на теписоните или внатре. Но дефинитивно се намали маглата на прозорите после филтерот и без водата во гепек

Ќе колектирам уште листа на проблеми периодов, па кога ќе завршам со колекцијата почнувам со мајстори 😃

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #10 на: 08 Јануари 2025, 12:26:24 pm »
Честито, со здравје да го возиш. :)

Вака на прва, делува океј. Да, има работи за средување - ама па и 14 години стара кола си е. Малку е чудна комбинацијата од LED предни светла и обични не-хајлајн задни светла. Ако сакаш имам за продавање highline задни светла што ми останаа од мојот Голф 6.

Вакви, односно баш овие:



Јас ги извадив, ставив задни LED. Кога го продадов голфот, овие останаа.е

За цена не сум 100% сигурен. Да речеме 150 Евра?

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #11 на: 08 Јануари 2025, 12:57:50 pm »
Честито, со здравје да го возиш. :)

Вака на прва, делува океј. Да, има работи за средување - ама па и 14 години стара кола си е. Малку е чудна комбинацијата од LED предни светла и обични не-хајлајн задни светла. Ако сакаш имам за продавање highline задни светла што ми останаа од мојот Голф 6.

Вакви, односно баш овие:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Јас ги извадив, ставив задни LED. Кога го продадов голфот, овие останаа.е

За цена не сум 100% сигурен. Да речеме 150 Евра?

Фала, ама не би ги менувал светлата. Претпоставувам не ми менува мене многу во вожња какви светла би имал назад, освен за изглед?

Искрено, мразам коли и воопшто немам никаков мерак за изгледот на колата, ни па за возење :) Ама морам да возам и морам да ја средам колава за да не ја мислам цело време. За стварите во поглед на изглед што не се функционални не ми се воопшто битни.

Знам дека многу барам од 14 годишна стара кола возена од несовесни газди

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 452
  • The best or nothing.
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #12 на: 08 Јануари 2025, 13:13:13 pm »
Ух, сега не утепа со збор.
Не мразиш коли, туку си разочаран со изборот.


Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #13 на: 08 Јануари 2025, 13:52:10 pm »
Ух, сега не утепа со збор.
Не мразиш коли, туку си разочаран со изборот.



Погрешни зборови за овој форум. Забрането за тука 😃

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5623
Одг: Golf 6 2.0 TDI 140hp DSG 2011
« Одговори #14 на: 08 Јануари 2025, 13:53:39 pm »
Не само шо мразиш коли туку и себеси се мразиш со земање на голф :D
Најексплоатирана, најпрепеодавана кола на пазарот е, затоа и 90% се кршеви со скриени дефекти вака не се проблем тие 14 години старост.
За тоа шо од старт го имаш преплатено гарант оти се нездрави со цените и плус шо ќе се истуриш од пари во него, било шо не е VW би било попаметен избор.
Едино позитивно е шо идат како алва и има будали, најпамњтно да го огласиш, ќе отиде одма и да си ја пробаш среќата со друго возило, отколку да си ја копаш дупката со ова.
Ќе се туриш за голем сервис, кај да е чим го осеќаш  ќе отиде замаец и за тоа една вреќа пари, дпф не чини и тоа, греачи. Не чинат, парно не чини и уште 100 работи шо допрва ќе излњгуваат.
Најпаметно е да си го огласиш и да си бараш друго возило отколку во лимон/крш да вложиш  уште една кола пари и да возиш крпејнца.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html