Види во Сервис Vag, за сервис и за одржување.
Колата што ја имаш ти е добра, малку бучна и повеќе жедна, ама нема смрт.
Јас ти предлагам, да не фрлаш пари во неа, од агол на тјунинг, мапирање итн.
Носи на сервис, нека ја качат на дизалица, нека ја претресат со пајсер, и што ќе најдат тоа мењај.
А превентивно ја би сменил :
1. Голем сервис + водна пумпа + антифриз.
2. Глицерин.
3. Уље во менувач.
4. Серво уље, ако не е електрично.
5. Да се проверат држачи на мотор/менувач.
6. Да се проверат амортизери, лежишта и прашинерки.
7. Свеќици.
8. Уље + сите филтри.
9. Нешто плус, ако мајсторите најдат, како стабилизатори, спони, итн.
10. Реглажа на трап.
11. Хемиско + полирање/восок.
И вози ја наредни 5 години. Добра кола е сузукито. Се покажаа, единствено што си трошат убаво.
да да генералка не и бега
Иначе колку што се може чувана е
на пример тоа што можам сам
-уље минимум еднаш годишно ако не и по два пати
-филтри еднаш у година
-свекици на 40-50.000км
-редовно чистена внатре , кога е топло кај мотор и еднашка у година одоздола
-не е многу лупана по дупки и offroad
а за остатокот ке мора да иде кај профи мајстори
Иначе идејава ми беше да им ја стегнам за старциве да ја тркалаат најчесто а и на мене да ми врши работа кога ке ми треба (како втора кола)
Аутцево се покажа супер да не го урочам , затоа не планирам да го мењам и сакам да го подстегнам
Ке видам со Миркат бидејки гледам дека горе доле sx4, swift, s-cross па и до негде vitara се бајаги слични и би можело да одговараат делови од нив
За бучава ама ич не ми е проблем искрено си сакам да си го слушам аутото , што е до мене споооро е а гладно е лапа

и задниот дел му шета
затоа се мислев ако можам да го надградам моторчето до 150коња некаде и ке биде таман за наши простори со подобра суспензија
Не знам дали доколку се смени комплетно издув , подобар систем за ваздух (филтер и туби) и ако се надгради моторчено на m18a па тогаш да се домапира/тјунира дали би дошол до 150коња и плус подвижна снаgа torque
a колку што гледам викааат дека м18а е надградена верзија на м16а моторот
еве линк M18A
https://en.wikipedia.org/wiki/Suzuki_M_engine#M18A