Здраво дечки ми треба помош околу увозот на возила од Јужна Кореа кај нас во Македонија..
Сум ги гледал нивните возила дека си доста поефтини и дека ги носат во Албанија-Драч, е сега ме интересира дали кај нас можат тие возила да се регистрираат или не бидејќи од секого слушам различно.. доста ми кажале дека може а доста и дека не може кај нас да се царинат ни регистрираат Корејскиве коли..
Дали некој има искуства околу ова и дали пробал да донесе и регистрира кола од Јужна Кореа? Не сакам да се залетам да ја купам, донесат до Албанија, и на крај да не можам ни да си ја регистрирам колата во Македонија