Зошто?
Јас стварно мислам дека колата е добра. Да, и јас мислам дека згрешиле што го избрале името Frontera пошто споредбите со старата Frontera се неизбежни, ама новава си е добро возило самата за себе.
Реално - многу практично семејно возилце, со МНОГУ простор. Дури изненадувачки многу простор. Плус голем багажник (во верзијата со 5 седишта, верзијата со 7 сè уште не е достапна). Дизајнот е субјективен, на некого ќе му се допадне, на некого не. А луѓе сакаат да возат „џипче“. Мене црвената ми изгледаше генерично, ама зелената со бел кров и белите тркала изгледа доволно различно за да биде интересна. Плус, така ми има и малку Defender вајбс.
Реакциите за белите тркала се екстремни во две насоки - или на луѓе им се свиѓаат многу, или ич. Нема средина.
И во комбинација со хибридниот погон (истиот што го возев неодамна во Корса) и автоматски менувач е сосем добро погоден модел. Кај нас се очекува да почнува од околу 23к.
Да, изборот на името им е несреќен. Ама за тоа е што е замислено да биде, е сосем добро количе.