Автор Тема: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009  (Прочитано 678 пати)

Отсутен krstep

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« на: 14 Декември 2024, 21:57:43 pm »
Здраво дечки. На слики подолу моето ново градско крузерче - Fabia 1.2 HTP 51kw. Километража 160к.
Има доста солидна опрема:
  • Климатроник
  • Греачи на седишта
  • Греачи на ретровизори
  • PDC Паркинг асист
  • Фарови со лупа и магленки со корнеринг функција
  • Темпомат (моментално само ова е мана не уклучува)
  • Фрижидерче во касета
  • ABS,ASR,ESP пакет
  • Skoda Dance со фабрички AUX
За почеток сменети:
- 5W40 масло, филтер масло, филтер бензин, филтер клима.
- Нови 4 гуми TAURUS WINTER 601 195/55/R15

Единствено што ме нервира и сакам да го наместам е темпоматот, препорачајте каде би можел да се среди  ;D












Rover214si
Škoda Fabia 1.2 HTP

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #1 на: 14 Декември 2024, 22:21:12 pm »
Здраво и добродојде :) Со здравје да си ја возиш Шкодата!

Ако не си возел VAG возило до сега, прво провери дали го користиш правилно :)

Ако го користиш, прв чекор би ти било да пробаш на дијагностика (за вашите е ваљда VSC или како и да се викаше) што ќе прочита дали уопште е активиран.

Ако е активиран, ќе пробаш да ги провериш сензорите кои му овозможуваат на темпоматот да функционира, примарно сензор за притисната кочница и притиснат куплунг (размислувај при кои услови стандарден темпомат се гаси додека возиш).

Се надевам ќе си го решиш проблемот наскоро.

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #2 на: 14 Декември 2024, 23:38:31 pm »
Со здравје да си ја возиш шкодичето одлчно е зачувано, прв пат гледам фабија со толку опрема!!!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #3 на: 14 Декември 2024, 23:56:22 pm »
Супер количе. Создравје да си го возиш.

Пред да се зафркаваш со VCDS, провери осигурач да не ти е скинат за темпоматот.

https://m.youtube.com/watch?v=oGRPsAWZrYI

Број 5 е осигурачот


Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #4 на: 15 Декември 2024, 06:56:47 am »
Нек бауља и чарлија шкодата со среќа

Отсутен krstep

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #5 на: 16 Декември 2024, 00:23:02 am »
Фала ви на сите поубаво да се враќа :D

Супер количе. Создравје да си го возиш.

Пред да се зафркаваш со VCDS, провери осигурач да не ти е скинат за темпоматот.

https://m.youtube.com/watch?v=oGRPsAWZrYI

Број 5 е осигурачот

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Пробав, за жал нема реакција кога ќе стиснеш СЕТ ништо не се случува како да не притиснато. Ќе видам неделава у Тетоо негде на VCDS да ја ѕирне бидејќи грешка ништо нема.

Еве уште некое сликиче стигнаа таблиците.  :D





Rover214si
Škoda Fabia 1.2 HTP

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #6 на: 16 Декември 2024, 00:53:17 am »
Јас колку што знам не се сетира така темпомат на VAG групација коли.

Тоа чкрапалото на врвот на палката треба да е на он или како и да е, и на постигнатата брзина само кликаш на копчето за нагоре од страна на палката, и ја држи таа брзина.

Сет копчето е ваљда ако прикочиш или притиснеш куплунг и темпоматот се деактивира, да те врати на последната запамтена брзина.

Отсутен krstep

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #7 на: 16 Декември 2024, 01:03:06 am »
Јас колку што знам не се сетира така темпомат на VAG групација коли.

Тоа чкрапалото на врвот на палката треба да е на он или како и да е, и на постигнатата брзина само кликаш на копчето за нагоре од страна на палката, и ја држи таа брзина.

Сет копчето е ваљда ако прикочиш или притиснеш куплунг и темпоматот се деактивира, да те врати на последната запамтена брзина.

И ја мислев така ама еве како вика мануалот баш го барав:


Пробав и со OFF па ON, и со CANCEL па ON, и со РЕС+ нема реакција никаква.

Ваква е ракетата:

Rover214si
Škoda Fabia 1.2 HTP

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #8 на: 16 Декември 2024, 07:33:26 am »
Со здравје да се вози.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3477
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #9 на: 16 Декември 2024, 11:17:01 am »
Со здравје да се вози.
Го ставаш на ON и кога ќе постигнеш брзина задржуваш на + и ја поставува брзината, после со задржување на +/- зголемуваш/намалуваш.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #10 на: 16 Декември 2024, 14:20:07 pm »
Не, кога ќе го ставиш на ОН и ќе ја постигнеш брзината што ти треба стискаш на СЕТ/- и тоа е тоа. После тоа намалуваш зголемуваш по потреба.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Škoda Fabia 1.2 HTP 2009
« Одговори #11 на: 16 Декември 2024, 19:25:50 pm »
Сака Томица да ти каже дека со стискање + или - намалуваш и зголемуваш брзина на темпомат.