Автор Тема: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine  (Прочитано 1121 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #15 на: 11 Декември 2024, 08:30:28 am »
Пре би ова отколку Фиат Типо.

Tipo иди со дизел за слична цена.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #16 на: 11 Декември 2024, 09:46:51 am »
Не е предност никаква дизелот ако претежно ќе се вози низ град возилото, а за на отворено секој ќе си го направи својот есап.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #17 на: 11 Декември 2024, 19:51:11 pm »
Така се имаат покажано до сега, се што е кинеско е неквалитетно. Затоа е и ефтино.

Моторчето што го имаше, реплика на априлиа. Не е покажано Hamachi. Ама за сметка на тоа да купеше keeway, ќе беше башка рачун. така да не глобализирај. јас возев  на тест пример geely coolray s, предходно од кога возев 3 месеци порано волво xc40, впечатокот ми беше како дае уствари volvo XC30 :D. Да има недостатоци, во однос на volvo-то ама па затоа е и цената. Јас лично не се одлучив за geely, ради едно само ради страв за делови, не дај боже некој да ти скрши фар и слично. Друго ништо. Им давам фора 3-5 години на geely само ради тоа.

Baic(кое го продава Cilaz) има идентично возило на ова, баш се прошетав го видов, затоа ми беше заклучокот дека е ок за таксисти, и комерцијалисти. Па во ценовниот ранг, тестраново возило, нуди повеќе од fiat tipo и peugeot 301. Пример. И сосем на крај познаник мој, во фирма има мали камиончиња пијаџо протер и dfsk k некој, погоди што 10 години и преку 100000км , и задоволен од двете.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #18 на: 11 Декември 2024, 22:26:09 pm »
Дома имаме т.е. еден од моите браќа има Haval Jolion. Цицка е. Тогаш гледавме и извозивме други марки пред да се одлучи за тој модел. Имаат што да понудат кинезите дефинитивно.
Секогаш има нешто подобро и од доброто, ама затоа велам не може за сите да тврдиме дека сите се лоши под дифолт. И кинеско од 15к евра со кинеско од 30к+ евра не се споредува, така да не потценувај.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #19 на: 11 Декември 2024, 22:46:36 pm »
Ok, ај така нека е. Ќе кажиш по 100К километри како се држи. Дури е ново, се е убаво.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #20 на: 11 Декември 2024, 23:08:32 pm »
Дома имаме т.е. еден од моите браќа има Haval Jolion. Цицка е. Тогаш гледавме и извозивме други марки пред да се одлучи за тој модел. Имаат што да понудат кинезите дефинитивно.
Секогаш има нешто подобро и од доброто, ама затоа велам не може за сите да тврдиме дека сите се лоши под дифолт. И кинеско од 15к евра со кинеско од 30к+ евра не се споредува, така да не потценувај.


Како се покажува ентериерот на Хавал-от?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #21 на: 11 Декември 2024, 23:17:13 pm »
Aeolus Shine, човече какво име, ќе помислиш вселенски брод е



Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #22 на: 12 Декември 2024, 00:23:14 am »
Ok, ај така нека е. Ќе кажиш по 100К километри како се држи. Дури е ново, се е убаво.

Сакаш да кажиш дека кога-тогаш ќе дојде време за промена на некој дел? Си има се сервисен интервал. За другото здравје ќе видиме, рано е да се каже, се надевам се ќе биде како што треба да биде.

Дома имаме т.е. еден од моите браќа има Haval Jolion. Цицка е. Тогаш гледавме и извозивме други марки пред да се одлучи за тој модел. Имаат што да понудат кинезите дефинитивно.
Секогаш има нешто подобро и од доброто, ама затоа велам не може за сите да тврдиме дека сите се лоши под дифолт. И кинеско од 15к евра со кинеско од 30к+ евра не се споредува, така да не потценувај.


Како се покажува ентериерот на Хавал-от?

Од аспект на естетика преубаво изгледа, многу е личен. Нема никакви крцкања или такви глупости во однос на пластиките туку си е баш квалитетно и според очекувањата на секој еден поединец како треба да биде изведено тоа.

Вака изгледа.




Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #23 на: 12 Декември 2024, 08:15:33 am »
Ok, ај така нека е. Ќе кажиш по 100К километри како се држи. Дури е ново, се е убаво.

Сигурно подобро од алфа после 100к километри ќе се држи.
Отворете и погледнете малку колку од компонентите на европјаните се произведени во кина па потоа дискутирајте за кинески квалитет.
Доколку не се царините на еу кон кина и негативната платена кампања кинезите ќе ја прегазат европската авто индустрија.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1727
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #24 на: 12 Декември 2024, 09:13:09 am »
Ok, ај така нека е. Ќе кажиш по 100К километри како се држи. Дури е ново, се е убаво.

Сакаш да кажиш дека кога-тогаш ќе дојде време за промена на некој дел? Си има се сервисен интервал. За другото здравје ќе видиме, рано е да се каже, се надевам се ќе биде како што треба да биде.

Дома имаме т.е. еден од моите браќа има Haval Jolion. Цицка е. Тогаш гледавме и извозивме други марки пред да се одлучи за тој модел. Имаат што да понудат кинезите дефинитивно.
Секогаш има нешто подобро и од доброто, ама затоа велам не може за сите да тврдиме дека сите се лоши под дифолт. И кинеско од 15к евра со кинеско од 30к+ евра не се споредува, така да не потценувај.


Како се покажува ентериерот на Хавал-от?

Од аспект на естетика преубаво изгледа, многу е личен. Нема никакви крцкања или такви глупости во однос на пластиките туку си е баш квалитетно и според очекувањата на секој еден поединец како треба да биде изведено тоа.

Вака изгледа.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Ме збуни сеа. Како мислиш според очекувањата на секој еден поединец?

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #25 на: 12 Декември 2024, 12:32:28 pm »
Може нејасно се изразив, ама сакав да кажам дека е премиум квалитет. Кажав така од аспект бидејќи можеби како кај некои коли да купуваш ново, а знае да биде раскрцано (во делот на пластиките), односно да делува евтино изработката. Хавалот ги исполнува очекувањата онака баш како што треба, материјалите се 5ка. Камерите се поубави од на многу нови/релативно нови европски коли што сум ги видел, многу се HD и smooth со 120fps. Еве и после нешто повеќе од 2 години, на блиски луѓе би им го препорачал.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #26 на: 12 Декември 2024, 12:47:20 pm »
Мислењето за кинеските коли ми е на ниво на мислењето за Хјундаи и Киа во '90, особено за Киа, увек ми беше кола за потсмев, нешто како Дачија.
Со тек на време докажаа дека не се толку за никаде. И Хјундаи и Киа и Дачија.
Јас како толкав гомнојадец за Киа, купив нова Киа :)
Ќе треба уште некое време да помини, да се покажат и кинескиве.
Ако се покажат, нема тука пристрасност кон „големите“ брендови (кои и онака полека почнаа да продаваат ветер во магла) и тврдоглаво бранење на истите.
Став се менува ако се произнесат добри аргументи :)

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Macedonia
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #27 на: 12 Декември 2024, 12:56:06 pm »
Точно така. Не можеме да бидеме fanboys на нешто само затоа што така сме навикнати или од класичен "месен нарезок" муабет.
Затоа најпрвобитно имав така пишано, да не се потценува само затоа што нештото е од Кина. Технологијата отиде напред и Кина не е истата, додека „големите“ брендови почнаа да ти продаваат ветер во магла како што кажа и ти и ако не се прилагодат неизбежно ќе му биде пропаѓањето на некои марки. А додека пак новиве брендови со тек на време и нивната популаризација ќе си ја качат цената уште повеќе бидејќи се докажале и ќе држат дел од колачот во сам старт со тоа што веќе ќе бидат пробиени на пазарот.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #28 на: 12 Декември 2024, 13:07:58 pm »
Кинеските возила лека-полека ќе навлезат на пазарот. Веќе се користат во такси по скопските улици. Имав прилика да се возам во MG, и можам да кажам дека е сосема коректно возило. За цената, е 100 пати подобро од Поло, Фиат, Клио, Корса, Астра и многу други европски модели (да не набројувам сите). Цената е коректна, за разлика од лудилото на европските марки. Во Србија, во Ниш,Белград, скоро сите таксисти возат кинески возила. Не гледам причина зошто кинезите да не опстојуваат на пазарот на Балканот, ако се покажат како Киa, Сузуки, Хундаи .Гледав статистики и забележувам дека азијатите сè повеќе и повеќе се возат. Еден од нив сум и јас. Како што напомена членот погоре.На пример, тоа што го барав, европскиот производител не го нудеше, а азијатот го имаше. Исто така ако  цените ги подесат, да бидат пристапни за секој дом (од 13 до максимум 15 илјади евра), ќе видиш како ќе се купуваат. Јас сум еден од тие што ќе си купат ново возило, со атмосферски мотор, кој е бесмртен. MG возилата без проблем ги поминуваат 200.000 километри без сериозни проблеми.Пиено-платено живели

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: CARclub Тест: Dongfeng Aeolus Shine
« Одговори #29 на: 12 Декември 2024, 14:47:12 pm »
Користат ли кинезиве општо нивни развиени мотори или се мотори развиени од други па овие ги имаат купено/ископирано? Може сум пропуштил, ама барем тука од тестираните возила на КарКлуб немам сретнато таков податок.Јас сум сеуште скептик и колку и да е ниска цената не би земал кинеско возило, освен ако не дојдат на ниво како корејските брендови па тогаш би размислил.