Кинеските возила лека-полека ќе навлезат на пазарот. Веќе се користат во такси по скопските улици. Имав прилика да се возам во MG, и можам да кажам дека е сосема коректно возило. За цената, е 100 пати подобро од Поло, Фиат, Клио, Корса, Астра и многу други европски модели (да не набројувам сите). Цената е коректна, за разлика од лудилото на европските марки. Во Србија, во Ниш,Белград, скоро сите таксисти возат кинески возила. Не гледам причина зошто кинезите да не опстојуваат на пазарот на Балканот, ако се покажат како Киa, Сузуки, Хундаи .Гледав статистики и забележувам дека азијатите сè повеќе и повеќе се возат. Еден од нив сум и јас. Како што напомена членот погоре.На пример, тоа што го барав, европскиот производител не го нудеше, а азијатот го имаше. Исто така ако цените ги подесат, да бидат пристапни за секој дом (од 13 до максимум 15 илјади евра), ќе видиш како ќе се купуваат. Јас сум еден од тие што ќе си купат ново возило, со атмосферски мотор, кој е бесмртен. MG возилата без проблем ги поминуваат 200.000 километри без сериозни проблеми.Пиено-платено живели