Имам проблем со Голф 6 1.6тди 2011г. бидејќи 2,3 пати месечно се вклучуваше сијаличката за регенерација пред 2 недели ја однесов на мајстор кој ги исклучи ДПФ и ЕГР плус направи бушење на ДПФ. После 2,3 дена се појави притисок на уљето(oil pressure) и за недела дена ми се наполни 1 литро нафта во уљето. По консултации со други мајстори ми рекоа дека тоа е софтверска грешка(лошо исклучен ДПФ), ја однесов на истиот мајстор да ја поправи и да ми замени уље со филтри(кој кажа дека можеби проблемот е нафтената пумпа). Кога ја земав колата ја однесов на друг мајстор кој увиде дека се исклучени ДПФ и ЕГР, но ништо не кажа за софтверска грешка. По неколку дена возење повторно истиот проблем притисок во уљето мешање нафта со уљето кој проблем не го имав пред исклучување на ДПФ, еден мајстор ми спомна дека можеби се инјекторите, искуства за мојот проблем и мајстор кој може да поправи.