Како што гласи насловот, барам да купам ГП, првенствено бензинец, со 1,4 мотор со 77 или 95 кс или евентуално дизел со 1,3 мјет и 75 кс. Колата, покрај мене, ќе треба да почне да ја вози и поубавата половина.
Буџетот е проектиран на +- 3000 е.
Додека гледав огласи и фб, излезе една Хонда Џез 2007 во АутоМилано за 2900 ама продадена. Сакам да кажам можам да погледнам и нешто друго ако ми фаќа око а и цена.
Веќе пратив абер во Словенија, има интересен избор на ГП во ценовен ранг од околу 1300 до 2000 евра, чекам повратно инфо, ама знаеме како сме сите со обврски, не знам дали и кога ќе испадне од таму нешто конкретно.
Тоа што гледав по огласи, или е прескапо (не вреди по мене) или не ми фаќа око.
Познаникот што носи коли од Швајцарија ми понуди ГП 1,3 мјет 2007 со 90 кс (6 брзини) по цена од 3700 е (мислам дека е скапо), а роднина ми нуди Цитроен Ц3 2007 1,4 хди по цена од околу 2800 евра (од Словенија) ама последното не сум го гледал како опција.
Ако ви налета некој интересен оглас, слободно споделете, данке