Автор Тема: Купувам Гранде Пунто 2006-2010 (бензин 1,4 со 77 и 95 кс; д 1,3 мјет со 75 кс)  (Прочитано 1206 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Како што гласи насловот, барам да купам ГП, првенствено бензинец, со 1,4 мотор со 77 или 95 кс или евентуално дизел со 1,3 мјет и 75 кс. Колата, покрај мене, ќе треба да почне да ја вози и поубавата половина.

Буџетот е проектиран на +- 3000 е.

Додека гледав огласи и фб, излезе една Хонда Џез 2007 во АутоМилано за 2900 ама продадена. Сакам да кажам можам да погледнам и нешто друго ако ми фаќа око а и цена.

Веќе пратив абер во Словенија, има интересен избор на ГП во ценовен ранг од околу 1300 до 2000 евра, чекам повратно инфо, ама знаеме како сме сите со обврски, не знам дали и кога ќе испадне од таму нешто конкретно.

Тоа што гледав по огласи, или е прескапо (не вреди по мене) или не ми фаќа око.

Познаникот што носи коли од Швајцарија ми понуди ГП 1,3 мјет 2007 со 90 кс (6 брзини) по цена од 3700 е (мислам дека е скапо), а роднина ми нуди Цитроен Ц3 2007 1,4 хди по цена од околу 2800 евра (од Словенија) ама последното не сум го гледал како опција.

Ако ви налета некој интересен оглас, слободно споделете, данке
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
За 90 кс дизелот да внимаваш на менувачот М32 е.

А веќе ако земаш во предвид бензинец, најди си 1.4 т-јет 120 кс, во пунто не е менувачот М32 со 6 брзини, туку фиатов со 5 брзини.

Седни провози го т-јет, нема ни да сакаш да погледнеш обичен атмо бензинец.

А одржувањето е што се вика исто, еве голем сервис сет ребраст со водна пумпа е неполни 100 евра (ИНА марка).
Мал сервис, филтер за воздух 800-1000 денари, филтер уље 350, за уље зависи што сакаш да ставаш

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
4500 е мал сервис, 4300 е голем сервис за T-Jet без работна рака со најдобар квалитет афтермаркет делови купени од кај @Prcot.

Ако сакаш да пробаш 1.4 T-Jet со 5 брзини во пракса, стојам на располагање.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
4500 е мал сервис, 4300 е голем сервис за T-Jet без работна рака со најдобар квалитет афтермаркет делови купени од кај @Prcot.

Ако сакаш да пробаш 1.4 T-Jet со 5 брзини во пракса, стојам на располагање.

Само кај тебе, мал сервис е поскап од голем сервис.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
SKF Timing belt kit (with water pump) - 4420 денари (во 2021ва година)
Масло Shell Helix 5-W40 - 2960 денари
Филтри - воздух (Filtron 580 ден), масло (Mann, 360 ден) и кабина (Bosch Carbon 500 ден), ова се во 2024та :)

Е сеа, големиот сервис носи 3-4 пати поскапа работна рака, ама деловите се тие :)

Сепак се работи за изведеница од Fiat FIRE мотор, произведен во преку 23 милиони примероци ;D

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Кај мене целиот сет, ребраст, затегач и водната пумпа, марка ИНА 5700 денари ме чинеше.

А последниот мал сервис ме чинеше 4860 денари.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Не знам зошто не ја гледав опцијата со т-јет мотор, дали дека се ретки во ГП, мислев дека ги има само во Браво и Мито.
Да дојдам до кола па ќе размислам каде да правам сервис, не ја исклучувам можноста прв пик да ми биде Велиновски во Куманово како официјален сервис, на времето имаше прифатливи цени.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Го има, почесто во три врати, поретко во пет врати. Тие со три најчесто се Sport верзии со бољи седишта и пониска суспензија, тие со 5 врати се нормални, малку поопремени.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Интересно ова Џезот Никола, утре треба да ми јават за едно Гранде од Словенија, треба да го видат на лице место и ако се е ок да остават капар, па со првиот бус да тркнам нагоре, ќе биде малтретирање осеќам, ама тоа е.

Ако не биде ништо од таа кола, можеби ќе поминам ова да го видам, има годинки, прагчето како да има малку корозија, ама тоа на лице место ќе се види убаво. Препорака каде би носеле Хонда на проверка во Скопје?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Го има, почесто во три врати, поретко во пет врати. Тие со три најчесто се Sport верзии со бољи седишта и пониска суспензија, тие со 5 врати се нормални, малку поопремени.

@MartinAlfista Вака нешто :)

https://www.avto.net/Ads/details.asp?id=20328098&display=Fiat%20Punto


Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Си рачунал колку би те фатиле трошоци за увоз?

Ако не бидне работа со пунтото, размислете и за клио 3. Они се правеа во Словенија, и постои можност да начекате ефтино а добро.
И пазете на р'ѓа. Многу некако им се скапани колите.(барем овие за "извоз")

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Конкретно 1,3 мјет со 75 кс, кај нас 700-750 макс, плус цол таблици, гориво, патарини, околу 1100 макс. Колата таму е 1500, би ме чинела 2600, па нека биде и 2700. Тука нема испод 3300-3400 евра. За бензинците би било и малку поефтино.

Ако не сакам да се замарам, имам Ц3 2008 1,4 хди за практично набавна цена (околу 2700), све зависи од ситуација до ситуација, а искрено и од моментално расположение  :).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Пријател продава ц3 1.4 хди 2009 година, 146к поминато, прв газда, купен и сервисиран во Авто нова. Контакт во ПП ќе ти пуштам.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Пријател продава ц3 1.4 хди 2009 година, 146к поминато, прв газда, купен и сервисиран во Авто нова. Контакт во ПП ќе ти пуштам.

Ова размисли го, моторот особено со таа километража може да не надживее сите.