Автор Тема: Проблем со задните светла.  (Прочитано 550 пати)

Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Проблем со задните светла.
« на: 04 Ноември 2024, 10:55:06 am »
Здраво, имам Меган 3 2011.  Имам проблем со светлата од позади, углавном, позицијата ми работи само на левото светло( и ништо друго), кога кочам се пали левото и десното штоп светло( 3тото светло горе не работи), задните магленки не работат во позиција( треба да работат во позиција), кога ке ги вклучам задните магленки работи само десната, светлата за табличките воопшто неработат, сменети се сијаличките во штоп светлата( пак неработат), проверени се осигурачите(исправни се), дали некој знае до што може да е проблемот.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 532
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #1 на: 04 Ноември 2024, 11:17:42 am »
Дали ги провери каблите во гепекот? Голема веројатност тие да се цвикнати некаде...
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #2 на: 04 Ноември 2024, 11:22:53 am »
 Да ги проверив, беа малце оголени и ги премотав но пак исто, инаку рикверц светла и жмигавци си работат.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7830
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #3 на: 04 Ноември 2024, 11:45:18 am »
Провери ја масата, обично таа прави вакви проблеми ако е кородирана.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #4 на: 04 Ноември 2024, 12:01:59 pm »
Тоа е металниот дел во конекторите така, во штоповите?

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #5 на: 04 Ноември 2024, 12:06:28 pm »
1. Пробај со други сијалици (исправни).
2. Ако пак не свети, види дали иде струја до штопот. Мада, зачисти контактите како што рекоа, па прсни контакт спреј.
3. Ако не иде струја, тогаш идеме со каблите, се до прекидачот.

Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #6 на: 09 Ноември 2024, 19:34:38 pm »
Ги очистив масите како што кажавте, исто, не е до тоа, измерив волтажа и на едната маса има 11v  на другата ништо.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #7 на: 09 Ноември 2024, 20:53:40 pm »
Само со мултиметар наназад ќе си проверуваш, ако сакаш ти да се замараш, и мери дирек на конектори.

Магленката десната е зад совозачот шо работи?

Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #8 на: 09 Ноември 2024, 21:02:03 pm »
Да само таа работи, и кога кочиш двата штопа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7830
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #9 на: 09 Ноември 2024, 21:31:57 pm »
Имав дешавка, при промена на сијаличка на задно светло. Купувам нова сијаличка ја ставам, и таа си свети ама напред изгуби позиција и позади штоп. Два саати се чудев што е проблемот, мислев дека изгорев некој модул иако не направив спој, за на крај да ја извадам новата сијаличка и се си се врати во нормала. Да не е и кај тебе некој таков проблем?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #10 на: 09 Ноември 2024, 22:10:41 pm »
Имаш негде прекин во жиците најверојатно, со вадење пластики/тапацири да си ги провериш треба.

Масата на штоповите/ позиција ти е во ред пошто е една сијалица со две влакна, и тебе ти работат штоповите,
оттука масата на шасија ти е во ред пошто за левиот фар е на левата страна заштрафена, на десниот на десната.
Имаш проблем со сигналната жица за задната позиција десно.

Задните магленки се на еден осигурувач, шо значи имаш проблем со жицата за сигнал на левата страна или евентуално со масата на фасонка.
Исто и за третото светло, жицата за маса или сигнал, овие жици одат од левата страна на колата.

Со мултиметар на активна позиција треба да вади волтажа со извадена сијалица таму каде што не свети.

Или некоја сијалица те дупи Жиле шо вика.  ;D

Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #11 на: 10 Ноември 2024, 12:27:29 pm »
Благодарам на сите, светлата сега се направени. 😀

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #12 на: 10 Ноември 2024, 17:44:29 pm »
Благодарам на сите, светлата сега се направени. 😀

Аа проблемот беше со?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7830
  • Плинаш!!!
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #13 на: 10 Ноември 2024, 19:07:42 pm »
Не не оставај сеа вака "суви" без одговор за проблемот.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен pecka06

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 21
Одг: Проблем со задните светла.
« Одговори #14 на: 11 Ноември 2024, 08:29:53 am »
Имаше неколку оголени жици, ги премотав и даваат 10.96v, мислам дека и акумулаторот е при крај, секако е стар, конекторот во едната магленка беше скршен и го заменив, и имале неколку осигураче што беа црни но не прекинати и ги смемив и тие , сега работата сите света без проблем. Фала на помошта.