Автор Тема: Центрирање на предница КАДЕ???  (Прочитано 110368 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6745
  • Бенве сие бенве
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #420 на: 21 Јули 2024, 15:25:30 pm »
Загреана гума дава поголема вредност, затоа се пумпаат и проверуваат ладни.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6745
  • Бенве сие бенве
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #421 на: 21 Јули 2024, 15:32:59 pm »
Ај кога ја заебавме темава еве поучно видео.

https://youtu.be/SaVRGSm45Y0?si=HDKdruahVC9xuhK9


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 52
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #422 на: 21 Јули 2024, 15:54:35 pm »
Загреана гума дава поголема вредност, затоа се пумпаат и проверуваат ладни.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Утредента ги проверив, не беа загреани, така да дефинитивно беа препумпани.

Sent from my SM-G980F using Tapatalk


Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #423 на: 21 Јули 2024, 16:22:45 pm »
Јас пред неколку месеци пред идење за Белград ги напумпав сите на 2.3 на макпетрол спроти џевахир, ми беше чудно возењето цело време натаму, направив проверка на една пумпа таму и сите беа на 2.8, го прашав вработениот и тој тврдеше дека нивниот компресор е 100% исправен, ги издишавме до 2.3 и после возењето беше како што треба.

Sent from my SM-G980F using Tapatalk


Јас на 2.5 сите 4 гуми ги пумпам на тој компресор таму, немам проблеми.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #424 на: 31 Октомври 2024, 15:28:01 pm »
Колку често центрирате предница? Колата ми е центрирана пред можеби 23К километри и миислам дека ми е центрирана со 7Ј бандажи со ет30, моментално е на фабрички 6ј ет49 (исто и челичните се такви), не влече кога ќе го пуштам воланот, немам сменето ништо од предница (освен стабилизатор), проверена е повеќе пати, дали има потреба од центрирање?

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7831
  • Плинаш!!!
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #425 на: 31 Октомври 2024, 16:00:44 pm »
Јас пунтото во 15 години 2 пати го центрирав и тоа поради промена на некој дел на подвозје. Така да нема правило, ако колата не влече или не јаде гуми, нема потреба од центрирање. Се друго е залудно фрлање пари.

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1007
Одг: Центрирање на предница КАДЕ???
« Одговори #426 на: 09 Ноември 2024, 21:17:56 pm »
Колку често центрирате предница? Колата ми е центрирана пред можеби 23К километри и миислам дека ми е центрирана со 7Ј бандажи со ет30, моментално е на фабрички 6ј ет49 (исто и челичните се такви), не влече кога ќе го пуштам воланот, немам сменето ништо од предница (освен стабилизатор), проверена е повеќе пати, дали има потреба од центрирање?

Јас проверувам после секое менување гуми, или вонредно ако удрам дупка или поради некоја причина се сомневам дека е изместена. 2 пати годишно по 1500 денари, better safe than sorry.

Менување бандаж (ширина, офсет и слично) ја менува целата геометрија, и ќе си бара најверојатно соодветно корегирање.