Јас лично би разгледал и Honda CR-V, можда на дизајн не е вау, ама мене ми се допаѓа.
Lexus NX убаво разгледај и оваа опција.
Иначе GLC vs Skoda, ако гледаш комоција, Шкодата е далеку покомотна.
Што се однесува за таа изолацијата - има верзии со акустични стакла, да речеме како на yarre наш, па имаш повеќе од одлична изолација. Самите Шкоди имаат одлични изолации.
Ауди е супер избор исто.
Во фамилија имаме и GLC 220CDi со AMG пакет и стварно е ОК SUV-че, ама ако сакаш комоција (пред се мислам на простор) Кодиакот нема конкуренција.
BMW - искрено не знам оваа генерација какви се дизел моторите.