Автор Тема: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG  (Прочитано 831 пати)

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« на: 27 Октомври 2024, 12:12:16 pm »
Новиот член на семејството, иако не би бил мој прв избор, морам да признаам дека пријатно сум изнедаден и задоволен.
Се работи за последниот модел 2024, Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG, или со други зборови хибрид  ;).
Земена е како службено и приватно возило во исто време, ќе се користи редовно со оглед на удобноста која ја пружа при долги патувања, па би ја претставил пошто ако не грешам нема друга на форумов досега.

Опрема „неограничена“  ;D ..... види слики!
Матрикс фаровите се мммммммм, кој ги измисли, свака му дала!
Конкретниот примерок беше единствен достапен за веднаш, цца 57к европски во Холандија.

Подигната минатата Сабота, во Понеделникот веќе бев на пат Холандија-Белгија-Луксембург, поминати околу 2000км и впечатокот е многу комфорно возило за кратки и долги патувања, на моја висина од 194см, позади мене може да седи некој со иста висина многу комотно. Седиштата се прекрасни и удобни. Со оглед на големината и тежината, хибридот повлекува екстремно лесно во секој режим, 204кс се повеќе од доволни. Безбедносните системи се работа на привикнување......свири, кочи, предупредува, на моменти ми се вика упм  ;D.
Потрошувачка ќе се утврдува понатаму, пошто картицата за полнење допрва треба да ја добијам, но од она што можев да приметам се работи за релативно штедливо возило кое без полнење на струја и без штедење на гас, комбинирано град/отворено покажува околу 8л/100км. Со редовно полнење струја, потрошувачката на бензин очекувам да падне за 1-2л.


Бујрум:




















Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #1 на: 27 Октомври 2024, 12:19:39 pm »
Претставништво на Шкода: ,,Каква опрема сакате со Кодиакот?"
Ѕвонко: ,,Да".

Честитки, со здравје да ве служи.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #2 на: 27 Октомври 2024, 12:54:04 pm »
Се имам возено во претходната генерација, со 2.0 200кс бензинец 4х4, добро повлекува, а место има како во автобус 

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #3 на: 27 Октомври 2024, 13:05:20 pm »
@balanar  :D :D :D ;D ми фали „панорама кров“  ;D

онтопик: единствена замерка која ја приметив се гумите од фабрика, можеле подобри да стават од Континентал Екоконтакт 6.

офтопик: потрагата по BMW 4 Grand Coupe продолжува, минимум барана опрема е аутоматик, кожни спорт седишта со греење, паркинг асист напред и назад, електрично склопливи ретровизори и лед фарови, LCI моделот од 2017 до 2020....се останато од опрема е добредојдено. Ми побегна една 420i  со дефект за многу добра сума, сакав да го качам на камион и средам во Скопје, па да го вратам во Холандија со возење, ама отиде дури се решив. Не требало да биде, ќе излезе друга прилика!

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #4 на: 27 Октомври 2024, 16:24:39 pm »
Браво момче. Полн погодок! Создравје да се вози💪 😎

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1009
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #5 на: 27 Октомври 2024, 21:56:47 pm »
Супер колиШте, со здравје да се вози. Ако не е тајна што работиш па даваат вакви службени. :D

Отсутен Fizzbuzz

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 38
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #6 на: 27 Октомври 2024, 22:25:15 pm »
Баш фино изгледа, со здравје да се вози!  :)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #7 на: 27 Октомври 2024, 23:59:10 pm »
Oд кое BMW e украдена маскава? :D

Со здравје да се вози, изгледа баш големо.


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3413
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #8 на: 28 Октомври 2024, 06:03:51 am »
Со здравје да се вози, колиште е!
Иако сум повеќе за лимо или караван, го видов кај Андреј во салон и почна да ми мати памет за следно возило 😃

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #9 на: 28 Октомври 2024, 06:55:42 am »
Браво момче. Полн погодок! Создравје да се вози💪 😎

БлагодарИм!  ;)

Супер колиШте, со здравје да се вози. Ако не е тајна што работиш па даваат вакви службени. :D

Благодарам!
И воопшто не сум у тајна служба  ;D , работам како бизнис девелопмент менаџер за Бенелукс и Скандинавија.

Баш фино изгледа, со здравје да се вози!  :)
Благодарам, да се враќа по желба! 

Oд кое BMW e украдена маскава? :D

Со здравје да се вози, изгледа баш големо.


Благодарам и стварно е големо! На прв впечаток можеби не, ама во моментот кога ќе влезеш во потесна уличка или на паркинг, сфаќаш колку е голема.

Со здравје да се вози, колиште е!
Иако сум повеќе за лимо или караван, го видов кај Андреј во салон и почна да ми мати памет за следно возило 😃

Секако има и подобри на пазарот, ама во Шкода се потрудиле со овој модел. А и колку што гледам според цените и квалитетот, Шкода е веќе далеку понапред  од тоа што беше пред 15тина години.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1883
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #10 на: 28 Октомври 2024, 07:15:11 am »
Со здравје да се вози дај боже да е поуздан колку што цената му е јас сум скептик за Шкода после 2-3 години изгледаат како на ратиште да се.Батко Звоне што е тоа деволмоент за Менаџер знам живели  🍻

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #11 на: 28 Октомври 2024, 12:25:48 pm »
Честитки за новата кола и за изборот на погон!

Игнорирај го Џимни, он ја хејта Шкода во секоја можност.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #12 на: 28 Октомври 2024, 12:31:16 pm »
Честитки ново ауто и долго време да ти прави мерак. Ми се допаѓа Kodiaq уште од првиот модел, пред се ради големината и релативно добрата цена, сега веќе океј се е ненормално :)
Како е со големиот централен екран при возење, одвлекува ли внимание, и лесно ли се користи од возачот или боље е совозачот да манипулира со командите на екранот?

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5453
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #13 на: 28 Октомври 2024, 14:55:40 pm »
Се топ, ама тоа воланот како некој дома да сечел/преправал да е со два краци :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1067
Одг: Skoda Kodiaq 1.5 TSI PHEV DSG
« Одговори #14 на: 28 Октомври 2024, 17:55:47 pm »
Фала на честитките на сите!

@Jimny батко Гугле може да ти помогне за термини  ;D ;D ::)

@zeroSignal веројатно си имал прилика да го пробаш колку е флексибилен.

@ficomk дека е голем екранот, голем е! Мене лично засега не ми одвлекува внимание, а плус за навигација која се користи секојдневно е добредојден пошто така знаат некои раскрсници да бидат заплеткани, со ова многу лесно имаш увид. Иначе ако стискаш дури возиш, ќе те предупреди да престанеш и внимаваш на возењето и на сообраќајот. Ако не гледаш напред или ако не го држиш воланот, пак ќе те предупреди!

@vladic3110 Таа ти е! Колега го има претходниот модел, со малку послаба опрема ама со трокракиот волан.

Онтопик: „дамскиот мењач“ ми е хит, иако аутоматик, сепак ме потсеќа на детство, стариот кога возеше „Милетриченто“!  ;D