Цртани на ТСС строго, ако го закачиш каналот.
Мислев само јас ги гледав овие. Кого и да прашам никој не се сеќава.
Одеа на втора или трета програма во сабота. На повеќето цртани се сеќавам.
После 1995-96 сменаа со RTL на германски. Таму саму Аладин ми беше интересен.
Иначе Џандар збира имаше две сезони.
Џандар Збира (Тико и Рејсер)
Џандар Збира Пак (Ибица и Кордоба).
Во Универзална се сеќавам беше. Народ преполно.
Подоцна почна и Супер Бинго.
Иначе да, во видеотеките се изнајмуваа најчесто филмови со Ван Дам, Сталоне, Шварценегер и цртаните филмови.
Ќе излезеше некој блокбастер како Independence Day, Terminator 2 и се чекаше ред, да се пишиш на список да го земеш филмот, снимен на кино од некој во прв ред и ги гледаш во фаците деформирани и слушаш како кашла или кива некој во публика.
Ако не ја премоташ лентата дома, плаќаше казна 10 денари. Во „појаките“ клубови имаа машинче за мотање.
Имаше онакви картончиња (картотека) со редици. Ти даваа картонче или си го памтиш бројчето. Името на филмот, кога беше земен и потпис. Ако не го вратиш на време плаќаш уште еден ден рента.
Некогаш одевме ко дечишта да земаме порничи и ќе одберевме некој рандом број 198 татко ми прати да ги земиме овие филмови.
Другиот ден ќе ја вратевме касетата.
Имаше дешавки, идеа луѓе се чудеа зошто порничи имаа на картотека
))