Автор Тема: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)  (Прочитано 1463 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« на: 21 Октомври 2024, 18:11:40 pm »
Семејни пријатели на моите продаваат Daewoo Racer GSI 1994 година, поради возраста и здравствената состојба на брачниот пар. Колата последните години многу слабо се вози, повеќе дреме на паркинг во Аеродром.

Некои податоци:
- прв сопственик;
- мотор бензин, зафатнина 1500 cc;
- мал сервис направен во јуни 2024 година, со промена на диск плочки;
- регистрација до јуни 2025 година;
- околу 100.000 км поминато;
- нов акумулатор Монбат под гаранција до јуни 2026 година.

Забелешки јас што знам:
- знае да сецка, мислам дека е до не возење (типувам на свеќици, кабли, евентуално еден адитив да се бапне и да се повози малку под гас)

Цена: 900 евра, ама тоа најдобро со сопствениците. тел број за контакт 078/ 563-039 (Славица сопругата, сопственикот се вика Зоран).

Еве по некоја слика што ми пратија:











Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #1 на: 21 Октомври 2024, 19:45:27 pm »
Стакло Панчево.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3469
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #2 на: 21 Октомври 2024, 21:51:17 pm »
GSI je zmaj ali GTI ga drži, jbg brate zna se ko je brži! - Ivan Ivanović Juice 😂😂😂

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2348
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #3 на: 22 Октомври 2024, 10:57:58 am »
Може клуч!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #4 на: 22 Октомври 2024, 11:05:29 am »
бреј брза продажба наздравје

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8688
  • Пичлеме
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #5 на: 22 Октомври 2024, 12:03:30 pm »
Па нормално, колата е со мала километража, зачувана, а цената е колку пола премиум мобилен телефон без блутут слушалки. Со мали корекции би била сосема ок.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
  • The best or nothing.
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #6 на: 22 Октомври 2024, 12:44:02 pm »
Што трошаџии се овие даеву леле. Сва среќа плин постои, па помалку боли.
Нек се угоде, уште малку олдтајмер.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #7 на: 22 Октомври 2024, 14:35:34 pm »
А бе не туку го ламочкајте, трошаџии ова она. Све знанственици да ве онакви да не речам ебе див зајак со питоми уши и потков!
Топ си е количето за цената.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
  • The best or nothing.
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #8 на: 22 Октомври 2024, 14:46:45 pm »
Хахааха, во право си.
Ја се извинувам.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #9 на: 22 Октомври 2024, 15:20:25 pm »
Јас имам Даеву дома. 1.6 16V. Сосема коректно си троши. 10 градска 6.8 отворена. 22 години ја имаме колата, први газди.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #10 на: 22 Октомври 2024, 15:31:16 pm »
Рејсер беше главна награда на Џандар Збира.
Споредна Тико SX.
Секој втор вработен во пивара имаше Рејсер.

Игор Џамбазов водител, на А1. Води Џандар збира.
УниПроком Вемакс продаваа Нинтенда кинески, и имаше Нинтендо натпревар преку недела на телевизија.
Победник у неделно финале зима Нинтендо. Победник во дневно натпреварување, пакет Читос, Черезос и Томби чипсови.

Бранко беше премиер, Љупчо на чело на ВМРО.
Голф Двојка беше катарза од ауто, Шкода Фаворит беше бест бај за парите.
К-15 уште не постоеше, уште беа познати како НННРВ.

Милошевиќ хараше јако низ Србија.

Есперо беше колата за кремот и богатите.

Ена Веко уште пееше, Студени Нозе беа главна атракција.
Фуфо почнуваше да се коцка, ама имаше топ Пица деливери со црвени Југо коли.
Орка почна со фалцот Адиддас патики и Диадора монтките.
Чифлиганец уште беше во Бучим некое директорче.Трифун Костовски, почнува јако да праи пари со украдени руски клиенти од ТехноМетал Вардар.
МЗТ и Железара пред стечај.

ЈСП мења црвени и жути жентони за влез.
Германска Марка купување строго на црно на Бит Пазар.

Во Тутун, почнаа да носат про западни артикли и играчки.
Метропол продава Генерација М сендвичи, со купон. Секој втор купон награда - маица или гратис сендвич.

За некого убави времиња, за некого немаштија и транзиција.

Сена жив, Шумахер уште картинг вози.

Пола форум кај у јајца кај татко им, уште не зачнати.
« Последно менување: 22 Октомври 2024, 15:38:14 pm zlatkoa »

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5544
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #11 на: 22 Октомври 2024, 16:13:25 pm »
Битола има ваква иста, ама фул опрема е, електрика на џамови, клима и автоматик е. Исто со некоја смешна километража е испод 100000.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
  • The best or nothing.
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #12 на: 22 Октомври 2024, 16:29:52 pm »
Допуни :

Таблици, пар/ не пар.
Гориво со бонови. Еден бон како злато вреден.
Орка (по кучето го добива името), оди на пазар. Се продава по смешна цена, а само иглите за шиење внатре се поскапи од продажната цена на фабриката.
Чичко стоилко и Тетка, збирно место за многу генерации.
Голф 2, мислиш ролс ројс е.
Пејџерите одеа во заборав, и доаѓаа мобилни телефони со антена од 30цм.

Фармерки 501, шема.
Мусандра, Мнт, во врвот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13913
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #13 на: 23 Октомври 2024, 08:21:55 am »
Рејсер беше главна награда на Џандар Збира.
Споредна Тико SX.
Секој втор вработен во пивара имаше Рејсер.

Игор Џамбазов водител, на А1. Води Џандар збира.
УниПроком Вемакс продаваа Нинтенда кинески, и имаше Нинтендо натпревар преку недела на телевизија.
Победник у неделно финале зима Нинтендо. Победник во дневно натпреварување, пакет Читос, Черезос и Томби чипсови.

Бранко беше премиер, Љупчо на чело на ВМРО.
Голф Двојка беше катарза од ауто, Шкода Фаворит беше бест бај за парите.
К-15 уште не постоеше, уште беа познати како НННРВ.

Милошевиќ хараше јако низ Србија.

Есперо беше колата за кремот и богатите.

Ена Веко уште пееше, Студени Нозе беа главна атракција.
Фуфо почнуваше да се коцка, ама имаше топ Пица деливери со црвени Југо коли.
Орка почна со фалцот Адиддас патики и Диадора монтките.
Чифлиганец уште беше во Бучим некое директорче.Трифун Костовски, почнува јако да праи пари со украдени руски клиенти од ТехноМетал Вардар.
МЗТ и Железара пред стечај.

ЈСП мења црвени и жути жентони за влез.
Германска Марка купување строго на црно на Бит Пазар.

Во Тутун, почнаа да носат про западни артикли и играчки.
Метропол продава Генерација М сендвичи, со купон. Секој втор купон награда - маица или гратис сендвич.

За некого убави времиња, за некого немаштија и транзиција.

Сена жив, Шумахер уште картинг вози.

Пола форум кај у јајца кај татко им, уште не зачнати.

Diadora "монтка" едната страна зелена, другата розева.
Грција ембарго.
Чекање во колони за бензин.
МТВ зимска и летна рекреативна програма.
Мирис на писа врз паркет на училиште.
Генерација М маичка или хартиено капче.
Мирис на "усалени" цигари во секоја канцеларија и маалски видео клубови, со забрана да гледаме во делот со порничи.
Флипери: Бубле, Мортал Комбат, Стрит Фајтер, Мустафа (Cadillacs and Dinosaurs), Панго.
Ако имаш родители интелектуалци имаш компјутер - Комодоре или 286ка, ако не ќе играш на кинеско Нинтендо за 1000 денари. Елитата земаше Нинтенда од Турција за 100 марки.
Џизми гумени Југопластика.
Блузи Битолатекс шо оди во стечај, фармерки од пазарџ турска роба, на ангро се носи.
Адибас, Никке, 501 чевли со желевце да тропаш кога ќе одиш.
На телевизија се гледа Беверли Хилс, Мелроуз Плејс, нема шпански серии.
ТАТ Битола дава 30% камата. Се купуваат Фаворити и Формани на ангро. 12000 марки Фаворит, 15000 марки Форман.
Се доградуваат куќи за 15000 марки, нови од корен за 30000 марки.
Пред НГ наплив на увезена роба, џиџиња миџиња, потрага по честитки да пратиме по пошта.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1131
Одг: Daewoo Racer GSI 1500 (Услужен оглас)
« Одговори #14 на: 23 Октомври 2024, 08:37:27 am »
а Citroen xantia, кој доделуваше? Лотарија мислам?

Рејсер беше главна награда на Џандар Збира.
Споредна Тико SX.

Не беа seat ibiza и cordoba?

Или ова беше пред тоа?