Секако има подобро, ама мене пасатов со оваа конфигурација ми е одличен!
Секако дека има подобро и тоа многу. Во мојов случај кога викам подобро мислам на нешто што ќе одговара на моите потреби во однос на опрема, година и цена затоа што не сум таргет група за нова кола. Купувам кола, ја возам 2-4 години и ја менувам за нешто малку подобро од претходната.
Пасатов е генерално супер кола, би сакал малку подобра звучна изолација кога сум на автопат ама не ми е нешто критично. Можам и вака да живеам.