Еве и неколку импресии после првите 1500 км
1. Иако Митсубиши секаде ги ругаат за ефтин ентериер, неквалитет и слично, доаѓајќи од Хонда, мене ми е топ. Да, на многу места има ефтина пластика каде што во Хонда нема, ама барем не крцка многу 😅
2. Вожњата на отворено е уживанција - со power steering и адаптивно кочење (според некои параметри се менува колку посилно одат пакните на дискови за ист притисок на педала), има супер контрола и стабилност. Поторшња околу 5.5-6.5 литри со возење просек 140 км на час и понекогаш повеќе до 180 км на час
3. Иако никаде не прочитав пофални зборови за 4WD, ѕверка е системот. Имам доста стрмен пат до куќа кој не се чисти од општина. Без проблем го симнав на 40 цм снег на доста стрмна удолница околу 300 метри. Имаше малку fish tailing ама не требало до 4WD lock туку со ауто и го научив
На угорница по снег/гол мраз, 4WD auto соодветно реагира и активира заден погон во 99.99% од случаите кога едно или две предни тркала шлајфуваа. 4wd lock уште подобар. Успеав со Michelin Latitude Cross да искачам угорница од околу 45 степени со остра кривина во 30 цм снег.
4. 4WD Auto може да се користи и на автопат на не многу големи брзини. Не се активира во кривини, а помага на тазе и неисчистен кашест снег. Како што читав на еден форум, луѓе активно го користат до кај 100 км на час без никакви проблеми после години употреба.
И така, импресиите до сега се дека уште едни добри all terrain гуми и Аутлендер може да биде ѕверка.
Ќе постирам нови импресии и се надевам дека некому ќе му бидат и од помош во одлука за кола.