Случајно листајќи на фб групата за Шкода видов пост за Карок и на самиот пост коментари дека Карок во Шпанија со ДСГ и Спортлајн ниво на опрема изнесува 31600 евра. Па ајде викам да видиме колку е истата кола во нашата држава што ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст. Верувале или не, цели 4500 евра поскапа од Шпанија, значи не дерат со цени, буквално дерење. Дали е тоа до импортерите или до увозните давачки не знам, ама цените на нови автомобили во државава достигнаа ниво како да живееме во Норвешка.