Здраво екипа, гледам дека тука се збори околу нови коли, и дека е активна темава, па ќе го поставам тука прашањето. Ако е за на друго место, слободно модераторите нека го преместат.
Гледам да купам нова кола, максимален буџет до 30,000е. Последниве 12-3 години возам мали коли (хечбек), па сега некако повеќе е меракот за некој компакт SUV, што ќе биде малку постабилен, повисоко подвозје, подобра амортизација, подобра опрема и по-дигитализиран (во коливе што сум ги возел до сега од опрема максимум УСБ и задни сензори за паркирање
)итн; а и фамилија ќе си дојде, па ќе треба нешто поголемо. Во однос на мотор и перформанси, не барам нешто прејако, ама не би одел ни со 110-20 КС, сепак да биде возило што може да повлече малку на автопат.
Прилично сум лаик околу автомобили, па имам неколку прашања што, се надевам, ќе ми помогнат во изборот:
• Прва дилема ми е - европски vs кинески автомобили. Гледам дека кинескиве од година во година растат, многу подобра опрема нудат, дали да ги земам во предвид или да одам нешто испробано и по-конзервативно од типот на Tucson, Sportage, Kamiq, etc?
• Дали има опција по салониве да се испазарам за некој попуст или тие се тие цени што ги даваат и нема мрдање? И дали има моментално нешто на акција што вреди да се погледне во оваа класа?
• Опрема vs AT/MT - кој е подобар trade off? Во секој случај сум повеќе за AT, ама не по цена тоа да биде најосновниот модел на опрема.
• Дали со овој буџет вреди да гледам hybrid/mild hybrid? (од тоа што гледав, тука единствено може да влезе Duster, a и некои од кинеските можеби, за другиве европски тешко)
Фала однапред на секој што ќе одвои малку време и ќе препорача нешто или ќе даде сугестија!
1) SUV нема да ти е постабилен - баш напротив, ќе ти биде помалку стабилен, бидејќи самата физика тоа го налага т.е висок центар на гравитација.
2) Ќе имаш полоша амортизација од седан/караван
3) Поголема бучава на 120км/ч
4) Поголема потрошувачка
5) Поскапо одржување од типот на гуми, амортизери и слично.
Ако си решен за овие компромиси, одиме понатаму
Кинеските автомобили што се нудат особено Geely би го издвоил нуди многу за цената и според мене целата обработка е подобра од Kia/Hyundai.
Јас детално го разгледував Starray и бев пријатно изненаден од опрема, она што мене ме разочарува кај SUV не е кривица на Geely туку општо не ги сакам SUV-овите како возат.
Мој најдобар совет што би ти го дал е да ги извозиш сите.
Влези во Киа/Хјундаи, Шкода, Џили, Пежо, Дачија, Рено, извози ги сите.
Остави муабетите ќе имало / немало да има делови, кој ќе ти сервисира Гили или Рено или Киа, немало делови имало делови дрн дупки.
Гледај да ти направи ќеф.
За кола на ново, сигурно ќе имаш делови наредните 10 години на ваков или онаков начин.
Што се однесува до опрема, кинезите имаш буквално се на располагање, а кај другиве тоа дебело се доплаќа.
Така што ако сакаш full bells and whistles земи си Кинез и уживај.