Јaс лани кога се распрашував за 1.6. 408 ми кажаа дека поради кризата во Украина и мртов пазар за Пежо таму од Еуроимпекс повлекле коли и ги пренамениле за Балкан (МК, Србија, Косово). Дали се тоа истите автомобили произведени 2024-та па сега дополнително спуштени на акција или 2025-та произведени модели е знак прашање.
Инаку 1.6. моторот не се нуди во ЕУ (дури мислам и во ценовник официјално го нема Еуроимпекс) и е наменет за источноевропски и азиски пазар. Не дека МК е земја од белиот свет, ама чисто за инфо.
Во ГТ опрема лани се нудеше за 39.900.