Кој би рекол дека Тусон има, а ова нема. А за бензин, аутоматик во сув, со среќа нека е потрошњата. 
Токму така, од искуство со потрошња на бензин турбо Тусон автоматик кој го купи мој колега ќе ја заобиколам таа опција, инаку тоа е комбинација на кој најмногу попуст ми понуди МИда. Има дизел со две недели испорака поради тоа што ги лагерисуваат во Белград но висока ми е цената, прво ти го нудат со двете највисоки нивоа на опрема, па ако не те убедат после да видам да прашам да не има откажано некој, сите финти ми се познати на продавачите, не ми е прва кола нова да купувам.
Прво ми е важно да ме собере во возилото без да се ударам во конзолата и да може позади мене децата да седат.
Сепак сум 193цм и 105 кг, а и потребен ми е простор за детски седишта, колички и такви габаритни ствари.
Исто така сакам да добијам повеќе од возилата што ги имам моментално а не да се вратам назад со опрема и мотор.
Спремен сум за компромиси единствено во однос на мотор, да жртвувам малку сила за сметка на пониска потрошувачка пошто сите отидоа на даунсајзинг заради Х причини кои сите ги знаеме.
А дека ќе му платам напумпани цени нема да му платам, чесно си ги заработувам парите и доволно информации имам и искуство.