Дај фотки од T-roc-от и детали за опремата. Ако си сериозен за продавање и ако и фати око на мојава да се договараме да праиме дил.
Не батка, не е за продавање, финтата беше да го смениме за аутоматик со овие што сироти не може да си купат со мануелец кола веќе. Тогаш беше земен бидејќи немаше друго возило за купуење преку порше лизинг. Значи, не ма ше ко ла воопшто у салон!! А кола мораше да се купи, и затоа и беше купено такво како што беше. Службено е, така да ќе си го вози госпоЖа (и ја чатпат за викенди) наредни 3 години секако, а после ќе видиме што ќе биде. Опремата е како да ти кажам... некој рандом кликал изглеа што да стаи: Камера, самозатемнувачки ретровизор, адаптив круз, автоматска клима...овие лејн асист мислам стандардно доаѓаат, мултимедијата не знам шо е, ама се врзуе со андроид, има свеќи уместо лед фарови и фала богу - мануелен мењач, да не се заглавуе по снегови
Слики немам, не ме привлекло когарето апарат да извадам да го сликам, али ќе лупнам некоја фотка попладнево, чисто за атер.
