Не би рекол дека таа би му била цената, за 1.5 125 КС варијантата, но хибридот би можел да кошта 20К. Акциската цена би била во домен на Корола седан бензин (17К-18К). Сепак е на платформа на Јарис. 20К веќе влегва во домен на ЦХР.
[/quote]
Да, ама KIA Stonic со 100 кс веќе е околку 19.000, плус мислам дека е помала. Така да мислам дека Yaris Cross без проблеми ќе го залепат на 20.000 и околку 24.000 за хибритот, па после може ќе даваат попусти.
До кај 15.000 (2.000 плус од обичниот Yaris заради поголемиот бараж, и изгледот на теренец) за основниот модел со 1.5 мотор мене ми изгледа ОК. Се над тоа ми е премногу и нереално.
Е сега и самиот сум свесен тешко ќе биде да се земе за оваа цена. Посебно како неразумно растат цените на новиве возила јас се чудам како воопшто и се продаваат. Затоа и ми беше прашањето за попустите, дали свесно се залепуваат нереално високи цени, па потоа како еве за тебе попус од 3.000 - 5.000 па ќе ја платиш нормалната цена на возилото.
Јас го разбирам многу добро Deni за трошоците кои ги има фирмата, ама сепак за дел од трошоците не знам колку се реално прикажани.
Еве, братучетот во Аустралиа пред еден месец купи RAV4, хибрид, со највисокото ниво на опрема и од 49.000 долари каталошка цена го зел за 45.000. Ова се околку 27.000 ЕУР, а цената кај нас за највисокото ниво на опрема како што видов беше блиску до 50.000 ЕУР.