Не ми беше тоа муабетот. Повеќе ме интересираше колку цените на ценовникот се реални и колкав попуст од каталошката цена може да се добие од искуство.
Имам слушнато муабети дека набавната цена на увозниците им била 30 до 50% помала од каталошката цена односно, па имале можност за значителни попусти.
Набавна цена и продажна цена има разлика. Набавната цена не е минималната продажна цена. Туку набавната цена плус режиски трошоци е минималната продажна цена. Најчесто тука е вкалкулиран бизнис план со финансиска конструкција за да опстои фирмата.
Ако сметаш дека нив ги чини возилото 20000евра, се на се, и можат да го продаваат за 21000 тоа нема логика. Не е само профит, тоа е и обрт. Значи колата од 20000 евра се на се има извесен режиски трошок кој треба да се врачуна за работа на тоа возило и фирма што би ја кренало цената на да речеме грубо 23000 евра. Па потоа таа да се продава минимум 24000 евра. Не дека имаат 4000 евра профит, туку 1000 евра. Секако имаш тука и малверзации некои што се мачкаат коли и се земаат за поефтино.
Ама борбата на компаниите е да се конкурентни и преку враќања на данок, договори за поголеми набавки, врачунати компензации и слично што би ја симнало нивната набавна цена. Ама сето тоа мора потоа да подлежи на режиски трошок. Да, некогаш од некои причини може да се откажат од тој режиски трошок, но тоа не е за тебе, туку често е за да си ја зголемат ликвидноста на фирмата од некоја кола која им држи заробени средства. И тоа се исклучоци кои се прават ретко и често завршуваат кај луѓе на кои фирмата сака да им излезе пресрет, било партнерски, било финансиски, било како потенцијален иден муштерија и слично.