Според моите искуства со Тојота Корола 1.4д со (90кс и 170Нм) и патувања низ Европа со клима и товарен не сум осетил некои потешкотии. Не си подвижен како во кола со 150+кс и 250-300Нм, ама не се ни влечкаш.
Со атмо бензин со 1.3 мотор и 60-80кс ќе биде слично. Ќе си ги цепаш трета/четврта со темпо 60-80км/ч и 3500-4000 вртежи и немаш гајле. Кога ќе помине угорницата си ги коваш 110 на 2800-3200 во петта/шеста и си возиш најнормално.
Нема споредба 90кс/170нм дизел со ~60ks/100nm бензин, кој и најверојатно ќе оди на плин.
Со 60/65 коња колку што ги продаваат новите коли кај нас, нема шанси да крениш повеќе од 70км/ч со 3-та на превоите, а гас до макс ќе биди, 4-та смениш можи и да падни брзината.
Ова вака грубо, реално можи и 60км/ч да биди, зависи од возилото и товарот. Едноставно не оди, нема лабаво возење нагоре, само гас до макс. Не пак да изгубиш залет од некој камион, пооо.

А и немаме ние во македонија со 10% нагиб подолги делници ако не грешам, така да и овие „благиве“ се мачни.
Па секој со есапот, како второ возило за низ град најверојатно се супер, а ако треба некогаш некаде да се тргни, ќе се издржи.
