Па дај препорачај нешто до кај 15.000, може и од "горе". Нешто не многу поголемо од Голф.
15к + царина и документи до мк или 15к топтан?
Ако не е ВАГ (гољф/шкода/сеат) ова е мојот редослед:
- Форд Фокус како мојот 1.5 турбо 150/180кс (после 2015та ама пред 2018та)
- Мерцедес Б200 како на Златкоа со 160кс/БМВ кец 120и после 2015та... (ама и двете се над буџет)
- Опел Астра К 1.6 турбо со 200кс
- Алфа Џулиета исклучиво 1750 тб
- Рено Меган 2.0 Турбо бензин со 180кс
За повисока класа од Гољф, после 2015та е мал тој буџет за ТурбоБензин лимузина/караван
Сите се одлични коли без некои поголеми проблеми од фабрика.