По моја логика линкот од карклуб е 18.500 со акциски попуст и сега имаш плус 1000 евра дополнителен попуст.
Ако добро се сеќавам, баш така е. И цената од 17.550 за таа комбинација е одлична. Многу ми направи мерак xceed-от, како што и може да се види на тестот.
Гледајќи ги тестовите што ги постираш се водам по делот кај што нагласуваш дали е акциска цена или не... следејќи ја историјата на објави ми личи дека и овде
https://www.carclub.mk/2020/03/06/zbogatena-e-ponudata-na-kia-xceed-vo-salonot-na-kia-motors-macedonia/ не станува збор за акциска туку за нормална цена .
Во секој случај се слагам, цената е сосема ок за опремата што ја нуди.
После нова година ќе има акција на Skoda Kamiq со доста добро ниво на опрема, 1.5 TSI 150кс и DSG aвтоматски менувач за околу 18.500 евра.
Ова звучи како доста интересна понуда, но од тоа што успеав да пребарам по нет, личи дека тој мотор има некој проблеми при старт или кога возиш во 2ра пример на паркинг. Имало некој напори софтверски да го санираат и кај некој као успеало но некој сеуште се жалат.
Ако имаш вакви "инсајдерски" информации и за Skoda Scala слободно сподели ги

, големината на багажникот ми одговара повеќе. Не знам само што се случи со опциите со 1.0 TSI 115кс изгледа не ги нудат веќе, барем јас не ги гледам како опција во ценовникот.