Не гледам што е негативноста да може да си купиш супер кола по супер цена и тоа од салон. Вака треба сите производители да прават. И тоа што повеќе тоа подобро.
Затоа што се уништува вредноста на поновиот модел и се нарушува вредноста на брендот. Имаш возило кое е моделски старо 10 години, и кое се продава за 13.000 Евра, и нов, тековен модел кој се продава за 17.000 Евра. Кој ќе го купи новиот модел?
Ова е муабетот - „Тато, кога ќе купиме Голф 5? Кога ќе излезе Голф 8.“
Опел место да заработува од новите модели, модели во кои се вложени милијарди Евра, и модели кои се
објективно подобри, продава стари модели, кои не можат да се споредуваат со тековните модели од конкуренцијата, ама се продаваат пошто се поевтини. Во меѓувреме, новата Astra K која е реално подобра кола... Чмае. Некој што ќе ја купи за 17.000 и ќе проба да ја продаде после две-три години, ќе добие одговор „како бе бараш 12.000 за колава? Па нова е 13.000. Еве, ќе ти дадам 8.000“.
Уствари, баш тоа прави Опел во моментов - продава „половни“ нови возила. Мада, мислам дека ова е чистење лагер, и дека кога ќе се распродадат овие, толку...
Многу брендови своевремено имаа вакви авантури. И на време ги откачија, пошто сконтаа дека само си пукаат во нога.