Автор Тема: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...  (Прочитано 659948 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2985 на: 26 Ноември 2019, 15:21:02 pm »
Недај боже да му прегори ксенон сијалица на стратро, цел живот светла нема да упали.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2986 на: 26 Ноември 2019, 15:28:04 pm »
За нов ксенон дал Господ.
За нов ЛЕД и да дал, пак боли ако си ги заработил лично.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2987 на: 26 Ноември 2019, 15:32:43 pm »
Мене ксенон светлата ми прегореа после 10 години користење, ако ЛЕД трае барем 50% повеќе од ксенон, тогаш за мене нема никаков проблем.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2988 на: 26 Ноември 2019, 15:52:16 pm »
Кај новиве коли повеќе е проблем комплицираноста да се смени сијалица, дали халогена или хид или лед, отколку тоа што ќе кошта ако цркне еднаш на 5-20 години.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2989 на: 26 Ноември 2019, 15:57:03 pm »
https://uk.motor1.com/news/274681/car-headlight-expensive-repair/

A study into 13 popular cars by consumer website WhatCar? found that a blown headlight bulb could cost as much as £846 to replace.

However, the cost was considerably reduced for vehicles without HID or LED bulbs. For example, a standard VW Polo comes with traditional halogen bulbs, which cost owners just £18, but the high-spec Polo GTI model comes with sealed LED headlight units, which cost more than £800 to replace.

Исто ама не е исто
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2990 на: 26 Ноември 2019, 16:00:25 pm »
Исто е ако плаќаат мама и тато.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2991 на: 26 Ноември 2019, 16:18:56 pm »
По грубо сеќавање.

Во 90'ти кога излезе Пунто со ништо опрема беше околу 16.000 марки.
Со клима и музиче и што идеше уз тоа мислам дека беше околу 18/19.000

Денес ако излезе ново Пунто не верувам дека ќе биде испод 14.000 евра и тоа во основно ниво.
Е сега, нормално дека денес основното ниво ќе биде како во тоа време најфулфул ;D па и пивеќе

Платите во тоа време беа околу 10.000 денари или 400 литри бензин.

Денес?

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2992 на: 26 Ноември 2019, 16:22:20 pm »
Не претерувај, има Јарис за 9990, ЦЗ за 9990 итн.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2993 на: 26 Ноември 2019, 16:47:38 pm »
Јарисот и Ц3 се нови модели?

Пунтото за кое зборувам беше тукушто излезен како модел.
Понатаму цената дополнително отиде надоле.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2994 на: 26 Ноември 2019, 16:52:42 pm »
По грубо сеќавање.

Во 90'ти кога излезе Пунто со ништо опрема беше околу 16.000 марки.
Со клима и музиче и што идеше уз тоа мислам дека беше околу 18/19.000

Денес ако излезе ново Пунто не верувам дека ќе биде испод 14.000 евра и тоа во основно ниво.
Е сега, нормално дека денес основното ниво ќе биде како во тоа време најфулфул ;D па и пивеќе

Платите во тоа време беа околу 10.000 денари или 400 литри бензин.

Денес?

Цитроен ЗХ во 95та беше 19 илјади марки за 1.4 бензин кој имаше од опрема само централна брава. Денес со тие пари не рачунајќи инфлација може да се купи Ц3.

А мислам барем според кажување на татко ми бензинот никогаш не бил поефтин од 35-6 денари. Така да бензинот порамнето со инфлација можеби има и иста цена.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2995 на: 26 Ноември 2019, 17:00:49 pm »
Ај добро, можеда ти повеќе знаеш како било порано. Што да ти кажам....

Да дообјаснам, пошто имам 5 минути слободно време.
Просечните плати, корегирани за инфлационата стапка во периодот што сакаш да го прикажеш, не го пратат истиот тек како вредноста на валутите, во поголем дел од европските земји, поготово во земјата во која што живеам јас. Така да мојата дневница не купува исто што купувала пред 20 години (а мојот работен стаж е тука некаде, 20-тина +- некоја година). Пред 20 години со мојата плата полесно се купуваше нов хеч, отколку сега.
Ти може да редиш графици на инфлација, ама здравје, ќе натепаш барем пола од моето искуство, па ќе видиш дека инфлационата стапка на валутите е само еден микронски показател за вредностите во различни времиња.
Статистиката за среќа не познава субјективни искуства туку се темели на факти. Тоа што ти лично пред 20 години си можел полесно да купиш хеч е еден пример додека фактите го кажуваат спротивното, односно дека за помалце пари денеска се добива повеќе технологија. Некој што е во ИТ си зима и 2.000 евра во Скопје па супер му е нели? Да не заборавиме на фактот дека бројот на автомобили сега и пред 20 години е драматично различен дури и во држава како Македонија така да повторно твоето искуство со ништо неможе да се поткрепи, односно останува само еден мал пример. Куповната моќ е далеку поголема сега од порано.

Татко ми е (бивши) професор по математика, на економски факултет. Предавал Математика II за економисти пред доста години, има дел од својата едукација поминато и во Америка. Приличноно здраворазумен човек и во негови касни години. Он одамна ми има кажано „статистика ти е најлажлив дел од математиката“. Уствари, неговите зборови кажуваат дека статистиката служи за прикажување на податоците- секако точни - онака како што сакаме да ги видат другите луѓе.
Нејсе. Лонг стори шорт: Со статистика може да прикажеме што сакаме - како сакаме. GDP растот во мојата земја е далеку зад европските просеци, а секако и мојата (просечна) куповна моќ е во согласност со тој тренд. Ако погледнеш статистики, кога се повикуваш на нив, ќе видиш дека и GDP per capita во Бугарија и Романија (и некои други земји од EU), како и останатите европски земји кои не се во EU,  не можат да го прататат инфлацискиот тренд на вредноста на евро валутата.

Преведено во прости зборови, мојата плата вредела доста повеќе пред 20 години отколку сега. Во уште попрости зборови, да се навратиме на темата: Автоматска клима е поскапа од мануелна клима, а не е дека врши повеќе работа, и јас не можам да ја платам. Затоа не гледам причина, да ми нудат исклучиво автоматска клима, наместо мануелна која можеби би можел да си ја дозволам.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2996 на: 26 Ноември 2019, 17:10:01 pm »
https://uk.motor1.com/news/274681/car-headlight-expensive-repair/

A study into 13 popular cars by consumer website WhatCar? found that a blown headlight bulb could cost as much as £846 to replace.

However, the cost was considerably reduced for vehicles without HID or LED bulbs. For example, a standard VW Polo comes with traditional halogen bulbs, which cost owners just £18, but the high-spec Polo GTI model comes with sealed LED headlight units, which cost more than £800 to replace.

Исто ама не е исто

Убаво си вика во истражувањето. За нови коли не е проблем дека се поскапи ксенон или ЛЕД сијалиците, затоа што траат многу подолго од халогените. Проблем е ако се купува половно возило па може брзо да рикне и да биде голем трошок.

Во секој случај најбитно е колку долго трае секоја од сијалиците, самата цена на сијалицата ништо не значи. Исто така, ако менувам еднаш во 10 години сијалица, голема работа ако мора браник да се вади.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2997 на: 26 Ноември 2019, 17:27:22 pm »
По грубо сеќавање.

Во 90'ти кога излезе Пунто со ништо опрема беше околу 16.000 марки.
Со клима и музиче и што идеше уз тоа мислам дека беше околу 18/19.000

Денес ако излезе ново Пунто не верувам дека ќе биде испод 14.000 евра и тоа во основно ниво.
Е сега, нормално дека денес основното ниво ќе биде како во тоа време најфулфул ;D па и пивеќе

Платите во тоа време беа околу 10.000 денари или 400 литри бензин.

Денес?

Цитроен ЗХ во 95та беше 19 илјади марки за 1.4 бензин кој имаше од опрема само централна брава. Денес со тие пари не рачунајќи инфлација може да се купи Ц3.

А мислам барем според кажување на татко ми бензинот никогаш не бил поефтин од 35-6 денари. Така да бензинот порамнето со инфлација можеби има и иста цена.
Возев тест Ц3 дизел некаде во 2012, не се сеќавам точно, и беше околу 15.000.

ZX е една класа поголемо возило од Пунто па мислам и од Ц3 :)

Бензинот беше околу 25 денари кога марката беше 27денари во 95/96 година. Тогаш го купив југото :)

Точноста на моето сеќавање да се земе со резерва, затоа велам отприлика.
Низ годините имаше скокови на цени, инфлации, девалвации итн

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2998 на: 26 Ноември 2019, 17:55:01 pm »
Овој Ц3 и претходните 2 се 10 генерации разлика.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Кампањи, попусти, промотивни акции, добри понуди ...
« Одговори #2999 на: 26 Ноември 2019, 18:03:33 pm »
Еве, проверив и гледам дека е 3 години стар модел што значи за некоја година ќе настапи понов модел. Колку бил кога излегол како нов модел?

Интересно е што Саксото е предесесор на Ц3 или Саксото што било некогаш денес е Ц3.

ZX е претходник на Xsara, за потоа да биде C4